Жените жаби имаат најуникатно решение кога не сакаат да имаат односи со мажот: Глумат УМРЕНИ!
Од премногу уморни до главоболки, познато е дека жените користат низа изговори за да избегнат секс. Сега, една студија покажа дека женските жаби користат уште поекстремни тактики кога не се расположени.
Истражувачите од Институтот за еволуција и наука за биодиверзитет Лајбниц, откриле дека женските жаби ќе се тркалаат и ќе грофтаат кога ќе им пријде несакан партнер. Во меѓувреме, една третина од женките дури ќе ја лажираат својата смрт за да ги избегнат мажјаците.
Додека претходните студии сугерираа дека женските жаби се прилично пасивни, наодите покажуваат дека тие играат многу поактивна улога во изборот на партнер. Обичните жаби се „експлозивни“, што значи дека имаат многу кратка сезона на размножување што се одвива помеѓу неколку дена и две недели.
Д-р Каролин Дитрич, водечки автор на студијата, објасни: „Мажјаците се борат за пристап до женките, кои обично се пореткиот пол во овие агрегации за размножување. Се чини дека мажјаците не се многу селективни, барем во однос на големината на женското тело, и по случаен избор ќе зграпчат други поединци, дури и мажјаци или други видови. Ова однесување доведува до формирање на таканаречени топчиња за парење, каде што неколку мажјаци можат да се залепат за една женка, што може да доведе до смрт на женката“.
Во студијата, тимот се обиде да разбере како женките избегнуваат да бидат згмечени до смрт или удавени од „напалените“ мажјаци.
За време на набљудувањето на 54 жаби во резервоари исполнети со вода, истражувачите откриле дека 83 отсто од женките се тркалаат на грб кога мажјаците ќе ги дофатат.
Д-р Дитрич верува дека жабите глумат мртви поради нивото на стрес што го претрпуваат во моментот. Сепак, глумењето смрт како стратегија за избегнување парење е многу поретко и е забележано само кај неколку животни како што се некои пајаци и вилински коњчиња.
Коментирај анонимно