Џесика Алвеш ги покажува своите хируршки „подобрени“ облини во речиси непостоечко боди и златни бикини во Лос Анџелес
Џесика Алвес (40) го живее својот луксузен живот во Лос Анџелес, кадешто и ги стави своите хируршки подобрени облини и ги покажа во многу оскудно боди. Малото парче облека едвај ја покриваше додека позираше на креветот во својата хотелска соба. Пред тоа, таа позираше во минијатурни златни бикини.
Џесика го поминува времето во Лос Анџелес откако стана голем хит на телевизиските екрани.
Таа откри: „Ми беше понуден договор со NBC да водам женско чет шоу – форматот е многу сличен на „Loose Women“ во Велика Британија – каде што јас сум водител. Шоуто е на англиски, но и на шпански, бидејќи повеќе од половината во САД зборува шпански. Сега само работиме на законитоста на тоа“.
Џесика претходно гостуваше во шпанските ток-шоуа „La Mesa Caliente“ и „Hoy Dia“, а во текот на престојот во Лос Анџелес го покажуваше секој сантиметар од нејзините „прекрасни“ облини. Не е изненадување што Џесика сака да поминува повеќе време надвор од Велика Британија, бидејќи во последните шест недели беше жртва на застрашувачки демнач, поради што беше премногу исплашена за да излезе надвор.
Џесика, која редовно ја објавува својата локација на социјалните мрежи, објасни дека видела еден ист маж на многу места како ја следи, пред конечно да ѝ прозбори кога таа била надвор со пријателите во „Мејфер“.
Таа се присети: „Тој беше пијан и ги стави рацете околу мене, потоа го замолив да не ме допира јавно и воопшто да не ме допира и да го почитува мојот личен простор, тој потоа се налути и почна вербално да ме малтретира. Потоа дојде обезбедувањето и го замоли да си замине“.
Џесика изјави дека инцидентот ја оставил исплашена, па дури и ангажирала возач за заштита, да биде со неа.
Kako kukla na duvanje e.
Da bila proizvod na veštačka intelegencija – bi izlegla podobro. Kako dete od gradinka da si igral vajar, skulptor
Пластичен мајмун, пардон, нашминкана кукла на дување.
Коментирај анонимно