Згодна манекенка покажува што сѐ е потребно за да се биде модел. Ги открива нејзините „ригорозни“ тренинзи што ги оставија нејзините следбеници во ШОК

Манекенка ја сподели својата енергична рутина за вежбање според која таа поминува часови во теретана, за да може да ја одржи својата неверојатно завидна фигура за фотосесии и кастинзи.

Бека Мичи, модна ѕвезда во подем од Њујорк, редовно споделува гламурозни слики од себе на „Инстаграм“, каде што може да се пофали со десетици илјади следбеници.

 

 

Сепак, манекенката не може да се пофали само со гламурозни кампањи за облеки, туку и со згодното тело за чие одржување сега ги открива тајните во серија видеа за вежбање објавени на нејзиниот „TikTok“.
Во еден од нејзините најнови клипови, Бека ги зеде следбениците со неа на повеќечасовен тренинг во кој се движи по улиците на Њујорк трчајќи и во теретана.
Насловувајќи го видеото: „Денешен тренинг за модели“, моделот ги покажа своите затегнати стомачни мускули во спортска облека пред да започне со вежбање.

 

Бека започна со одење и џогирање 2 километри, за што рече дека е нејзино „загревање“. По завршувањето на загревањето, манекенката прави едночасовна прошетка по угорница.

Кога Бека ќе го заврши своето кардио, таа продолжува да се фокусира на тонирање на стомакот со вежби за стомачни мускули. Манекенката започнува со правење „пленк“. Таа потоа се турка себеси да направи 40 растегнувања, 40 допири со прстите, 40 допири со рамениците, 30 руски превртувања и завршува со уште еден сет „пленк“ по една минута на секоја страна. На крајот, манекенката бавно пешачи и со тоа го комплетира нејзиниот тренинг.

 

Манекенката се пофали дека поминува „долги денови“ во теретана и се грижи да спакува голема торба со неа.  Но, ако немате пристап до теретана, Бека сподели и алтернативни тренинзи за кои не е потребно ништо повеќе од простор на отворено и пат за пешачење или трчање.

„Ајде да вежбаме“, вели таа на почетокот на друго видео пред да трча два километри со бавно темпо. Следно, Бека се протега пред да истрча уште два круга со 85 отсто напор и потоа преминува на вежбање стомачни. Таа потоа трча уште еден круг, а потоа го завршува тренингот на отворено со брзо одење.
Бека има потпишан договор со агенцијата за модели „Omit Models“ од Тимоти Росадо, Иако манекенката не прикажува премногу снимки од нејзините манекенски снимања на социјалните мрежи, таа им дава до знаење на нејзините обожаватели дека никогаш не пропушта шанса да ја покаже својата затегната фигура.

Рутините за вежбање на манекенката предизвикаа голема возбуда на социјалните мрежи – некои ја пофалија нејзината посветеност на фитнесот, додека други останаа изненадени од тоа колку време поминува во теретана.

Иако не открива точно колку време од денот поминува на вежбање, многу корисници тврдеа дека тоа ќе биде „четири часа“ или повеќе, додека други ја критикуваа манекенката затоа што ги форсира другите да ги прават истите тренинзи, бидејќи тие имаат „вистински работни места“.

Еден корисник напиша: „Да, би сакал да го направам ова ако немам вистинска работа“.

„Да, пет часа вежбање? Тоа е не од мене“, додаде друг корисник.

„Посакувам да имам толку слободно време“, рече трет корисник.

 

  • Sasho напиша:

    pa polesno e ova, i po cel den da glumi zvezda, namesto da raboti normalna rabota ..tuka ona koga saka i sto saka raboti, a ne i treba mnogu zasto koga si mlad, netreba mnogu vezbanje, a plus ima budali koi ke ja klikaat za da si uziva ona vo nerabotenjeto

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *