Џиновски проѕирен „вонземјанин“ снимен како оди покрај река во Боливија ги остави сведоците збунети

Во последните денови на социјалните мрежи се зборува за чуден настан кој се случил во гратчето Тарија (Боливија). Фотографија направена покрај бреговите на реката Пилкомајо покажува проѕирно „вонземско суштество“.

 

Корисниците на Интернет се обидуваат да ја решат оваа загатка: што е ова чудно суштество и како се нашло на толку необично место? Фотографијата предизвика воодушевување и збунетост во исто време. Експертите ширум светот го искажуваат своето мислење додека се обидуваат да ја откријат мистеријата на ова загадочно суштество.

Опишувајќи суштество кое изгледа како лик од научно-фантастичен филм, уфологот Хавиер Карлос Кордеро истакна:„Изгледа како проѕирно суштество со долги екстремитети, типично за сиво суштество. Но, ние мора да ја утврдиме вистинитоста на тоа“.

 

Противниците на автентичноста на оваа фотографија тврдат дека таа е резултат на дигитална манипулација. Сепак, поддржувачите на теоријата за присуство на вонземски форми на живот на Земјата инсистираат на тоа дека Тарија долго време е позната по своите мистериозни феномени и дека можеби има посебна врска со вонземјани.

Г-дин Кордеро рече дека вештачката интелигенција треба да се користи за да се утврди дали фотографијата е вистинска. Тој неодамна учествуваше на Првиот меѓународен уфолошки состанок, во Тарија, југоисточно од главниот град Ла Паз.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Мислам дека вонземјаниниот го насликале, таман кога завршил со бањањето! Се гледа дека со забрзан чекор се упатува према летечката чинија, која сигурно е во блиската шума! Или, можеби ќе излета од езерото, а бидејќи е невидлива, тоа не ќе може да се фати на фотографија! А вонземјанинот ќе биде „телепортиран“ во неа, како што гледаме во таман завршената 2 сезона од СФ серијата: “Star Trek: Strange New Worlds”.

  • AbeBrat напиша:

    Абе остајте ги вонземјаните на раат да се одморат и прошетаат. И тие се души, ужас.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *