Живеев БЕЗ ГРЕЕЊЕ во зима – еве ги работите што треба да ги знаете!

Каролин Андерсон објави видео во кое објаснува дека ѝ е преку глава да слуша луѓе кои никогаш не останале без греење во зима, да даваат совети на други луѓе како да се справат со кризата што доаѓа оваа зима.

Во клипот, таа започнува: „Еве, од личност која навистина го направила тоа, ова се работите што треба да ги земете предвид“.

Прво е кондензацијата.

„Ќе биде особено изразена во собите во кои спиете“, вели Каролин. „Ќе добиете кондензација на вашите прозорци и можеби на други места. Треба да го чистите ова секое утро или секој пат кога ќе го видите, или да најдете начин да се справите со тоа бидејќи таа кондензација не само што може да ја направи просторијата поладна, туку може да предизвика и влажност што ви создава други проблеми“.

Вториот предлог на Каролин е да размислите за нега на кожата.

„Постојано ладната и влажна средина има различно влијание врз вашата кожа, така што вашата кожа може да биде иритирана, зацрвенета и испкуана, па затоа треба да најдете добар начин да се справите со тоа за вашиот тип кожа“.

 

Следно на листата на Каролин е темата за главоболки.

Опишувајќи како често ги добива директно преку челото, таа советува: „Не заборавајте да го загреете овој дел од вашата глава или со шал или капа“.

Каролин, исто така, ја нагласува важноста да ги загреете градите и грлото. „Ќе дишете постојано во ладен, влажен воздух што не е добро за вашите гради или грло. Одржете ги топли, обидете се да лижете бонбони против кашлица и слично бидејќи тие загреваат – и многу топли пијалоци“.

Четвртата работа што треба да размислите е сушење и перење алишта.

„Каде обично ја сушите облеката? прашува таа. „Дали мислите дека само ќе ги ставите во машина за сушење? Можеби пречкртајте го тоа и видете дали можете да вклучите грејач наместо да сушите сè во машина за сушење. Нема да имате опција да ги ставите на радијаторот, така што барем ако имате една просторија која се загрева со некој вид грејач, можете да ги ставите во таа просторија со вашата облека“.

Исто така таа кажува дека треба да знаете дека и вашиот пешкир нема да се суши помеѓу вашите туширања, доколку не најдете начин да го исушите.

Карлин продолжува да разговара за храната.

„Ако јадете работи што се топат и стврднуваат зависи од температурата како нутела, путер од кикирики или нешто слично – треба да размислите да ги чувате на топло место бидејќи ако ги чувате во вашите плакари, тие ќе се зацврстат“.

Понатаму вели дека постелнината е слична на проблемот со кондензацијата.

„Вашата постелнина ќе стане влажна навечер бидејќи се потите и дишете таму“, предупредува таа. „Треба да го излуфтирате тоа – не сакате да остане влажно“.

И, конечно, Керолин советува да не ги користите вашите добри чаши.

„Ако многу се оладат ќе се скршат кога ќе им ставите врела вода за да направите шолја чај – тоа навистина се случува. Жал ми е, тоа е реалноста“.

  • Васе напиша:

    Во право е Керолин, ако се земе во предвид колку се качија цените на струјата, дрвата, добар рецепт за „најладната зима после 2 светска војна“, како ја најавуваат!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *