Живописни пејзажи и среќни луѓе: Погледнете како изгледа Киама, најдобриот град за живеење во Австралија за оваа година

Прогласен е најдобриот австралиски град за живеење. Киама, лоциран на околу два часа јужно од Сиднеј, на брегот на Нов Јужен Велс, го освои првото место поради своите живописни погледи на океанот, чувството за заедница и познатата „дупка“.
Но, она што го прави овој мал град вреден за посета е можеби релаксирачката атмосфера на крајбрежјето, прекрасните прошетки на плажата, локалните кафулиња и околните живописни предели.

Вкупно 752 градови со население меѓу 1.000 и 50.000 беа анализирани врз основа на податоците собрани од четири милиони Австралијци на пописот во 2021 година.

Опсежните критериуми што се користат за одредување на најдобриот град во секоја држава и територија вклучуваат проценка на просперитетот на регионот, вештините, различноста и здравјето на жителите. Поточно, од жителите се бараше да имаат неделен приход од повеќе од 1.282 долари, а стапката на невработеност во градот требаше да биде помала од 5,1 отсто.

Резултатите, составени од австралискиот колумнист Бернард Солт, вклучија и градови каде најмалку 14 отсто од жителите се родени во странство, а повеќе од половина од нив живеат без хронични болести.

Монт Тамбурин во Квинсленд се најде на второто најдобро место, проследено со Брајт во Викторија и Маунт Баркер во Јужна Австралија.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *