Животот на Амбер Херд: Се повлече од славата, го смени името и се пресели во Шпанија по бурното судење со Џони Деп
Амбер Херд стана светска ѕвезда во 2006 година со филмот „All the Boys Love Mandy Lane“, а дваесет години подоцна нејзиниот живот е драматично сменет. Од црвени теписи и ексклузивни забави до сосема мирен, анонимен живот во Мадрид, каде што го дочекува 40-тиот роденден. Оваа промена доаѓа по нејзиниот пораз на суд против Џони Деп и скандалот кој ја чинеше славата, довербата во Холивуд и приватноста.

Содржина:
- Амбер Херд од холивудски врв до јавна осуда и егзил во Шпанија по судскиот процес со Џони Деп
- Бурната врска: Амбер Херд и Џони Деп од љубов до војна во судница
- Судската битка за клевета: милионски тужби, директни обвинувања и јавна деградација на Амбер Херд
- Јавна стигма, закани и отпочнување нов живот под лажно име во Шпанија по судската пресуда
- Нова идентичност: Шпански начин на живот, приватност и интеграција во елитата на Мадрид за 1,5 милиони евра
- Како самохранa мајка: Амбер учи шпански, ќерката во приватно католичко училиште и мирен семеен живот надвор од Холивуд
- Повторно актерка и мајка на три деца: Амбер Херд го слави мајчинството и се враќа на сцената
Амбер Херд од холивудски врв до јавна осуда и егзил во Шпанија по судскиот процес со Џони Деп
Нејзиниот подем започна по 2006 година, но по судскиот процес во 2022 година против бившиот сопруг Џони Деп, Херд се соочува со јавен линч, закани по живот и пораз кој ја однесе надвор од светот на филмот. Според некои холивудски извори, таа е практично „црна точка“ за индустријата поради негативната слика од судската драма која се следеше во живо во целиот свет.

Бурната врска: Амбер Херд и Џони Деп од љубов до војна во судница
Амбер и Џони се запознаваат во 2009 година додека се снима „The Rum Diary”. Стапуваат во брак во 2016 година, но истиот трае само една година. По нивното раскинување, Херд поднесува барање за развод и забрана за доближување, обвинувајќи го Деп за насилство. Таа за Associated Press изјавува: „Среќна сум што продолжив напред со животот и сакам да правам нешта што се добри и за другите и за мене.“

Судската битка за клевета: милионски тужби, директни обвинувања и јавна деградација на Амбер Херд
По нивниот развод, Џони Деп во 2019 година ја тужи Херд за клевета по нејзината изјава во Washington Post. Иако не го спомнува по име, неговите адвокати тврдат дека „јасно имплицира дека Џони е семеен насилник“. Судскиот процес трае шест недели во живо, а Деп добива 10 милиони долари штета и 5 милиони долари казна. Херд добива 2 милиона во противтужба, но конечниот судски договор се постигнува во декември 2022 година.
Јавна стигма, закани и отпочнување нов живот под лажно име во Шпанија по судската пресуда
По поразот на суд, Амбер станува жртва на смртни закани и понижувачки мемиња, па се сели во Мајорка под името Марта Џејн Кенери (вистинското име на Кајлами Џејн). Кратко потоа се сели во Мадрид со ќерката Унаге Пејџ и тогашната девојка Бјанка Бути. Херд целосно ја прекинува врската со Холивуд – никој ја не препознава во улици, а соседите велат: „Тука живее во мир, никој не ѝ досадува, затоа и ја сака оваа заедница.“


Нова идентичност: Шпански начин на живот, приватност и интеграција во елитата на Мадрид за 1,5 милиони евра
Во 2024 година, Херд купува имот вреден 1,5 милиони евра во престижниот кварт Чамартин, со пет спални, градина и три купатила, каде и соседите се милионери, фудбалери и политичари. Еден од соседите изјавува: „Го води детето на училиште со капа и наочари, целосно анонимна. Никој не ја познал на улица, туку прашав пријател која е – само на Џони Деп бившата!“

Како самохранa мајка: Амбер учи шпански, ќерката во приватно католичко училиште и мирен семеен живот надвор од Холивуд
Херд активно го учи шпанскиот јазик, а нејзината ќерка посетува приватно католичко училиште каде годишната школарина изнесува околу 7.200 евра. По напорните денови, двете ги посетуваат супермаркетите со американска стока Taste of America за потсетување на родниот крај. Вработените велат: „Често ја гледаме попладне со ќерката, купува работи кои ја потсетуваат на дома.“

Повторно актерка и мајка на три деца: Амбер Херд го слави мајчинството и се враќа на сцената
Во 2025 година, Амбер во објава на Денот на мајката соопштува дека добила близнаци – ќерка Агнес и син Оушен. „Мајчинството го смени мојот свет засекогаш. Денес славам што ја остварив долго сонуваната фамилија и среќна сум што јас ја донесов одлуката, и покрај предизвиците.“ Во месеците по тоа, повторно се појавува на сцената со театарска изведба во „Spirit of the People“ и го продолжува дискретниот живот во Мадрид со децата.


Коментирај анонимно