Животот на групата осум другари се променил за секунда откако решиле на купат ждрепка на шала и станале единствените добитници на 30 милиони долари

Група од осум другари во нивните 40-ти се единствените добитници на најголемото извлекување на Оз Лото на годината досега, вредно неверојатни 30 милиони долари. Пријателите од Западна Австралија рекоа дека решиле заедно да купат ждрепка во вторникот по неколку рунди голф и ги купиле билетите од државната лотарија, Lotterywest.

 

Еден од мажите рекол дека уживал на вечера со својата сопруга кога решил да го провери среќниот билет преку Интернет.

„Почнав да им се јавувам на остатокот од групата за да им кажам дека сме победиле. Еден од момците не ми веруваше и се врати да ја јаде својата вечера. Друг член на групата ми рече дека ако тоа е шега ќе дојде и ќе ме утепа“.

Откако останале будни цела ноќ славејќи, групата се упатила во канцеларијата на лотаријата за да ја земе својата награда во средата наутро. Пријателите рекоа дека планираат да ги искористат парите за да ги платат своите хипотеки и да заминат на одмор во странство“

Па нека им се со среќа!