„Златни Глобуси 2024“: Тејлор Свифт и нејзиниот поглед се виновни за телевизиската „смрт“ на водителот Џо Кој, кој реши да се пошегува на нејзина сметка
Тејлор Свифт изгледаше неимпресионирано откако во неделата навечер стана тема на мајтап на водителот на „Златните глобуси“, Џо Кој.


Пејачката (34), чиј концертен филм за турнеја „Ерас“ беше номиниран во категоријата за ново филмско достигнување и „Бокс офис“, но загуби од „Барби“, уживаше во чаша шампањ пред Кој (52) да се шегува за нејзината романса со Тревис Келче (34).
Тој рече: „Добредојдовте назад. Големата разлика помеѓу Златните глобуси и НФЛ – на Златните глобуси има помалку снимки на камерата од Тејлор Свифт“. Камерата потоа се сврте кон Свифт која пиеше од својот пијалок и не се ни насмевна.
Оваа шега предизвика бурни реакции кај обожавателите кои напишаа: „Причина за смртта на Џо Кој: тој поглед кој му го упати Тејлор Свифт додека го пиеше пијалокот“.

Друг напиша: „Дали будалата која е домаќин на Златните глобуси и штотуку се пошегува на сметка на Тејлор Свифт, сфаќа дека милиони гледачи морале да пребаруваат на „Гугл“ кој е Џо Кој, по ѓаволите!?“
Други го поддржаа Кој велејќи: „Дали Тејлор не може да прифати шега? Беше смешно и невино“.

„Барби“ сензационално го победи концертниот филм на Тејлор „The Eras“ и ја освои новата награда за филмски и бокс офис достигнувања.
Обожавателите брзо почнаа да шпекулираат дека ѕвездата си заминала рано по доделувањето на наградата бидејќи повеќе никој не ја видел на нејзиното седиште покрај Кели Спери, сопругата на Мајлс Телер.
Еден обожавател напиша: „Мислам дека Тејлор си замина, не ја гледам повеќе во публиката“.

Коментирај анонимно