Знаете ли која е најстарата запишана македонска народна песна? Се вика „Тако ти бога девојко“.

Оваа прекрасна љубовна песна е пронајдена во Костурско, а се чува во ватиканската библиотека. Запишана е во 16 век и е најстарата позната запишана македонска песна. Звучи уште поубаво кога ја рецитира легендарниот Ненад Стојановски.

  • славица напиша:

    убава македонска песна се сложувам и за констатацијата за легендарниот глумец ненад стојановски

  • Димитар напиша:

    Убавини,
    Да се надоврзам,
    Вековна традиција,
    А Бушавата Азбука треба да се воведе во основно образование.
    Има и уште една
    “Срам голем е за тебе Сам да се незнаеш”
    Треба сами да се поштуваме за другите да не ценат.

  • Тони напиша:

    Трагично и во исто време хумуристично, делува кога се кажуваат односно спознаваат од денешен аспект вековните ризници, од македонскиот богат изворен дел. Мора националните изворни теми, да се сватат сериозно и да се делува на време, без разликата на последиците. Последица не е ако го дадеш животот, за нешто што нема цена последица е ако гледаш од страна како ништожник, сомнително и предавник.
    (Човек без совест за светите правила).

  • GodTM напиша:

    ТАКО ТИ БОГА, ДЕВОЈКО
    Тако ти Бога, девојко,
    как те зовет на име?
    О, друшко, ле, жиф ти очи,
    ходи овамо зарви ме,
    Твојто ти целивање,
    ти се молам дарви ме,

    Што си лепа, што си, ле, бела,
    Што си бела, што те љубам девојко!

    Ела мое паригорие,
    да те целивам во устата,
    Како овоштие ме мирисет,
    Штото роди крушата,
    Тако ти вишнего Бога,
    Не ми везми душата.

    Што си лепа, што си ле бела,
    Што си бела, што те љубам девојко!

    До кога серденце моја,
    Скривом да се љубиме,
    Со страхови преголеми,
    Денови да се губиме,
    Ела, станви, поврага, ходи,
    Да се вземиме.

    Што си лепа, што си ле бела,
    Што си бела, што те љубам девојко!

    • GodTM напиша:

      Во XVI век, високот службеник на римската црква, протосинѓелот Силвестер, на враќање од Ерусалим за Рим, поминал низ Македонија. За да се одмори малку, кратко време се задржал во Костур. Со жива заинтересираност за луѓето и средината во која се одмора, високиот римски прелат запишал извесен број зборови и реченици од секојдневниот говор на костурчаните и ги зачувал од заборавот на времето. Со тоа, тој го создал и првиот македонски речник. Истовремено слушајќи ги костурчаните како, вечерта, пееле, запишал и три македонски народни песни, кои претставуваат најстар запис од македонското народно творештво.

      По враќањето во Рим, големиот протосинѓел од Ерусалим, Силвестар, своите записи ги подарил во 1619/20 година во црквата Св. Петар. Подоцна овој грчки ракопис (№ Ц 152) од библиотеката на Скупштината на канониците на црквата Св. Петар во Рим, ќе биде пренесен во Ватиканската библиотека, каде и ден денес се чува.

  • GodTM напиша:

    Mislam deka sme na cisto so bugarite.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *