Зошто државата бара поврат на субвенциите за тутун за 2024?

Националната земјоделска мрежа побара одговор од Платежната агенција и МЗШВ зошто до тутунопроизводители се испраќаат барања за враќање на веќе исплатени субвенции за реколтата од 2024 година. Според НЗМ, кај дел од тутунарите се бара поврат и до 6.000 евра, а во јавноста објавија и пример со барање за враќање на околу 2.000 евра.

Од Мрежата велат дека ваквите известувања создаваат несигурност кај земјоделците, особено затоа што средствата веќе се вложени во новото производство. Тие бараат институциите јавно да објаснат врз основа на што се носат ваквите одлуки.

НЗМ посочува дека станува збор за законски остварено право на субвенции и најавува дека ќе бара официјални информации согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.