„Зошто куклите со коишто си играат децата се нашминкани?“ Проект на една уметничка ги остави луѓето запрепастени, откако им ја отстрани шминката на некои од најпознатите кукли за играње

Уметничката Соња Синг, фрустрирана од претерано нашминканиот изглед на куклите, се впушти во мисија да ги трансформира во посоодветни за возраста и природни да ги претстави како млади девојки. Таа ги пребаруваше локалните продавници за да најде кукли на кои им треба „поправка“ и создаде охрабрувачки проект кој има илјадници следбеници на социјалните мрежи.

Уметничката црпела инспирација од сопствените скромни корени за проектот. „Моите сестри и јас пораснавме играјќи си со половни кукли и домашни играчки во прекрасната природна средина на Тасманија“, напиша таа.

Резултатите пред и потоа на нејзиниот „Инстаграм“ собраа огромна поддршка, особено од родителите. Еден корисник остави коментар во една од објавите, велејќи: „Сакам да мислам дека една девојка ќе држи една од овие кукли и ќе си помисли: „Таа личи на мене“, наместо „Треба да личам на неа“. Секоја од нив е толку уникатна. Прекрасно направено.” Како одговор на позитивниот прием на нејзината работа, Синг сега ги продава своите приспособени кукли на „Etsy“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *