Зошто луѓето одеднаш почнуваат да оставаат на „seen“?
Студиите покажуваат дека околу 60% до 70% од возрасните во одреден момент од животот „откачиле“ некого без претходна најава. Без разлика дали станува збор за врска или запознавање, се чини дека конфронтацијата е најтешкиот начин да се завршат работите за многу луѓе. Но, зошто некој после долго комуницирање одеднаш те остава на „seen“ и буквално исчезнува како дух и зошто се појавува овој феномен е она што навистина нè интересира.
Собравме неколку причини кои би можеле да ви помогнат да ја препознаете и избегнете оваа ситуација.
Што значи тоа некој едноставно да го снема?

Тоа е чинот на ненадејно прекинување на сите разговори со одредена личност без да ѝ се даде причина или и без воопшто да ѝ се даде до знаење дека сакате да ја прекинете комуникацијата. Во основа, не испраќање пораки на личност за да ѝ дадете до знаење дека сакате да престанете да разговарате со него/неа. Ова не се случува само во романтичните врски, туку и во платонските.
Излегува дека и чинот на ваков тип „откачување“ има историја. Ова се правело и во минатото само на поинаков начин, вели специјалист за запознавање.
„Ненадеен прекин на комуникација без објаснување порано беше напуштање на некоја личност и заминување или не оставање информации за контакт – потеклото се гледа дури и во едноставниот чин на напуштање на забава или социјален собир без најава и збогум“.
Зошто луѓето одеднаш исчезнуваат наместо да се конфронтираат?

Како и со секоја акција што луѓето ја прават кон друга личност, секогаш постојат причини поради кои луѓето избираат да се тргнат од некоја врска или од некој воопшто. Вака се однесуваат, обично, личности кои не сакаат конфронтација.
Погодност:
Луѓето имаат тенденција едноставно да изберат „да ги снема“ наместо директна конфронтација бидејќи тоа е „полесниот излез“. Наместо да ѝ објаснувате на одредена личност зошто сакате да ја прекинете врската, некои луѓе сметаат дека е полесно „да исчезнат“. Ова, пак, го остава другото лице збунето, бидејќи не може да ја замисли вистинската причина зошто е оставено „seen“.

Ментална состојба:
Верувале или не, ваквиот тип на прекини на комуникацијата кажуваат многу за личноста која го прави тоа. Еден фактор е менталната состојба. Ненадејното „исчезнување“ вклучува стратегии кои би можеле да докажат дека некој има избегнувачки стил на приврзаност: избегнување на секаков вид емоционална блискост.
Професорката по психологија Тара Колинс објаснува дека: „Луѓето кои не сакаат да имаат емоционална блискост, веројатно поголема е веројатноста едноставно да ги снема од врската или комуникацијата“, и ова дефинитивно фрла малку повеќе светлина врз менталната состојба на личноста што го избира овој пат наместо други опции.

Често се користи за прекинување на краткорочните врски:
Ова најчесто се случува во краткорочни врски, каде што луѓето не биле доволно долго заедно за вистински да се посветат или да се зближат доволно за да воспостават тесно поврзана врска. Бидејќи не сте целосно посветени или не сте развиле вистински чувства за таа личност, се верува дека нема вистинска причина за да го објасните вашето заминување или губење на интерес.

Разни причини:
Истражувањата покажуваат дека 43% од луѓето избираат да оставаат на „seen“ за да го избегнат непријатниот разговор и да ѝ кажат на другата личност дека навистина не се заинтересирани. Ова може да вклучува ситуации по состанок, разговор или кратка врска. 37% избрале да го прекинат контактот затоа што другата личност направила нешто што не им се допаѓа, а 36% биле премногу зафатени за врска, но не можеле да ѝ ја кажат вистината на другата личност поради тоа што било предоцна.
Како да препознаете дека некој почнува преќутно да ве откачува.

Ако неговите пораки стануваат се помалку и помалку. Многу често, причината за ова може да биде ако личноста е „премногу зафатена“ за да одговори или да се продолжи разговорот. Навистина, постојат ситуации во кои луѓето можеби ја кажуваат вистината, но најчесто тоа не е случај.
Едукаторката Лора Бредбери вели: „Не верувам во изговорот „премногу зафатен“. Ако некој сака да одвои време за вас, ќе најде начин. Сите сме зафатени, но доколку некој нè интересира, обично можеме да ги префрлиме обврските за да одвоиме време за нив. Во најмала рака, можеме да ги видиме пораките и да одговориме на нив“.
Значи, ако мислите дека правите се што можете за да продолжите разговорот, но се чини дека тие не вложуваат ист труд како вие, тоа значи дека веројатно повеќе не се заинтересирани и затоа можеби бараат начин надвор.
Како оставањето на „seen“ може да влијае врз нечие ментално здравје и емоции.

Со овој начин на прекинување на комуникација доаѓаат многу емоции кај личноста на која ѝ е направено тоа. Од сомнеж во себе, несигурност до збунетост. Тие се природни реакции кога некој ве отфрла без вистинска причина. Во вас се јавува фрустрација, лутина, тага.
И најважното, она што ќе остане со вас некое време, е да не разберете од каде доаѓа сето тоа. Како што претходно беше споменато, „исчезнувањето“ значи да се прекине секаков контакт со одредена личност и да не се даде до знаење зошто. Ова предизвикува личноста која е така оставена без одговори да размислува за ситуацијата одново и одново, со цел да разбере зошто тие не биле доволни или дека можеби едноставно не биле толку забавни.

Згора на тоа, личноста нема никогаш да има конечен завршеток, бидејќи нема начин да открие зошто врската завршила. Обично некој има тенденција да се обвинува себеси за ненадејниот крај, а тоа во никој случај не е така. И тоа не влијае само на менталната состојба туку и на самодовербата на личноста.
Што да правите откако некој ќе „исчезне“ без причина.

Оставањето на „seen“ и целосното снемување на личностак, со која до вчера сте комуницирале 24/7 , навистина може да има длабоко влијание врз некого и може многу да повреди. Во случај да сте поминале низ вакво нешто, еве точка посветена на тоа што можете да направите.
Главната работа на која треба да се концентрирате сте вие самите. Тоа може да биде бесмислено, но, како што претходно беше споменато, овие ситуации може да ве остават збунети, и поради тоа може да се најдете како претерано размислувате за ситуацијата или наоѓате работи што не се во ред со вас. Ова е првиот чекор: ако некој ви го направил ова, немојте да мислите дека сте виновни.
Поголемиот дел од времето личностите кои го прават ова имаат многу проблеми со себеси и едноставно не знаат како да ги решат, па не ни се трудат туку само ги снемува. Во ред е да се чувствувате тажни тоа е природно. Но, не се понижувајте поради тоа.
Како што велат експертите: „Треба едноставно да си кажете дека таа личност не била за вас и дека има некоја личност што повеќе ќе ви одговара“.
Како да не им го правите тоа на луѓето?

Наместо да исчезнете и да не ѝ давате на личноста вистинска причина поради која би сакале да престанете да разговарате со неа, обидете се да бидете искрени со нив. Има многу начини да ѝ кажете на личноста дека навистина не сте заинтересирани, било платонски или романтично.
Немојте само да исчезнете! Објаснете ги вашите причини, било да е тоа мрзеливост да го одржувате разговорот или обична незаинтересираност. Сите ние сме луѓе, на крајот на краиштата, и кога некој одвојува време од својот ден за да седне со нас и да разговараме, тоа навистина значи многу. Затоа, пробајте го ова следниот пат кога ќе се исплашите од конфронтација или ќе се чувствувате мрзеливо.

Коментирај анонимно