Зошто на запад е чисто, а кај нас не? Британците треба да го сортираат ѓубрето во 13 КАНТИ – Жена е казнета 460 евра зашто ставила КАРТОН во канта, а маж 1.100 евра за користење погрешни ќеси за ѓубре
Советите ширум земјата ги казнуваат вредните Британци за прекршоци за ѓубре – вклучително и жена казнета со 460 евра за ставање картон во канта.
Друг човек е осуден на казна од 1.100 евра за користење на погрешни кеси за ѓубре во Есекс – додека сопствениците на куќи во Бристол имаат 13 различни канти за полнење.
Се наметнуваат казнени мерки на национално ниво за семејствата кои се справуваат со нередот во домаќинството – сепак локалните власти, исто така, се борат да ги извршуваат своите обврски за испорака.


Сара Рисон, која работи во парфимерија, била во шок откако ѝ стигнала фиксната казна затоа што ставила картон и хартиена кеса во корпа за рециклирање во близина.
Името и адресата на продавницата на 44-годишнната жена биле пронајдени на картонска кутија во канта од страна на службеник за животна средина на Советот.
Таа го опиша казнувањето како „целосно и крајно лудило“ и „многу тежок пристап“: „Тоа е целосно непропорционално со која било друга казна“.
Градскиот совет на Брајтон и Хоув како одговор рече: „Бизнисите имаат законска должност да обезбедат дека секој комерцијален отпад поврзан со нивниот бизнис е легално отстранет преку компанија за управување со отпад. Оние кои нема да го сторат тоа се изложени на ризик да добијат фиксни казни. Доказите што ги собравме во врска со овој случај покажуваат сценарио кое е значително различно од она што е прикажано. Ние разбираме дека моменталната финансиска клима е тешка за малите бизниси. Имајќи го ова на ум, ги разгледуваме нашите известувања за фиксни казни од случај до случај, а во одредени околности може да се понудат алтернативни опции за плаќање“.
Во меѓувреме, долж јужниот брег, жителите во Саутемптон ги обвинија шефовите на нивните совети дека ги оставиле „планините со ѓубре“ да гнијат откако биле оставени несобрани.
Марк Ловел (55) раскажа како неговата улица била целата ѓубре.
Тој рече: „Стаорците, галебите и лисиците се тука цело време и кинат низ ѓубрето – оваа планина ѓубре е тука најмалку три недели“.




Компанијата за имот Residential Management Group рече дека градскиот совет требаше да го собира отпадот во сабота, додека локалната власт ги обвини неодамнешните банкарски празници за заостанатиот дел.
На друго место, во Есекс, на сопственик на куќа му беше изречена казна од 1.100 евра за возење низ квартот Басилдон за да се ослободи од розовите и црните вреќи.
Тој ги фрлил во комунални канти и покрај правилата на локалната власт кои предвидуваат посебни места за предмети кои не се рециклираат, лименки и пластика, хартија и картон, стакло, отпадоци од храна и градинарски отпад.



Додека на луѓето во Бристол велат дека им било кажано да го сортираат ѓубрето во 13 различни канти.
На жителите им е кажано да го одделат општиот отпад од домаќинството, картон, пластика, лименка и стакло, храна и отпад од градината – но сега и облека, чевли и потрошени батерии.
Еден локален жител, 86-годишната Марион Вествуд, рече за 13-те канти: „Смешно е – каде ќе заврши?“
Компанијата за отпад од Бристол, која раководи со локалните услуги изјави: „Како одговор на неодамнешната конфузија за бројот на канти кои жителите ги ставија во Бристол, би сакале да појасниме дека вкупно на жителите на Бристол им нудиме 5 канти и 2 изборни контејнери.Како и повеќето домаќинства во Бристол, жителите на Каледониан Плејс имаат четири контејнери за рециклирање и една општа корпа за отпадоци. Во овие канти и кутии, жителите можат да рециклираат широк спектар на материјали секоја недела – помагајќи ни да останеме главен град во Англија за рециклирање. Жителите кои живеат во станови може да имаат мини центар за рециклирање или заеднички канти“.

Mora da ja punat praznata drzavna kasa…izlapaaa ja…Ukrainci,Muslimani,Afrikanci…
Коментирај анонимно