Џуди Денч со нејзиниот покоен маж имала брак исполнет со љубов и разбирање, но само за една работа во животот вели дека навистина се кае

Врвната ѕвезда Џуди Денч стана една од најпочитуваните актерки во својата генерација, со бројни награди и признанија на нејзиното име. Но, како и секој од нас, кога е во прашање нејзиниот личен живот, таа се кае. И ние сме тука да го расветлиме нејзиното најголемо жалење и можеби да научиме нешто од тоа заедно со вас.

 

1. „Џуди Денч првиот пат го одбила предлогот на сопругот за брак“

Денч се омажила за Мајкл кога имала 36 години. За време на едно интервју, таа откри дека Мајкл, оној кој го држел клучот за нејзиното срце, не еднаш, туку двапати, ја побарал нејзината рака. Тие на крајот се венчале во 1971 година и добија една ќерка по име Финти. Таа стана мајка за прв пат на 37-годишна возраст.

 

2. „30 годишниот брак бил блаженство и радост“

Мајкл Вилијамс и Џуди Денч беа во брак 30 години кога Вилијамс почина во 2001 година по битка со рак на белите дробови на 65-годишна возраст. Денч сподели дека нејзиниот 30-годишен среќен брак со Мајк бил без напор и се засновал на „среќа“. „Мислам дека никогаш не моравме да работиме на тоа“, изјави Денч.

 

3. „Една година по венчавката станале родители“

Вљубената двојка ја добија ќерката Финти (сега 50), која ја пречекаа на 4 септември 1972 година. Денч призна дека размислувала да се откаже од својата работа за да биде мајка дома откако ќе го роди своето дете: „Јас имав ќерка и семејство – сакав да бидам дома“.

Сепак, Вилијамс ја охрабрил да не го стори тоа, па наместо тоа, таа се потрудила да го промени распоредот за работа за да има време со нејзиното новородено девојче.

 

4. „Гледајќи наназад Џуди жали за едно нешто во животот“

Гледајќи наназад, Денч беше искрена дека нејзиното најголемо жалење е што нема повеќе деца: „Посакувам да имавме многу повеќе деца. Тоа е единственото жалење што го имам. Но, јас бев постара и тоа не се случи“.

Таа исто така откри дека неколку години подоцна сакале да посвојат дете, но планот не бил успешен поради повеќе фактори.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *