Џвакај и не шмркај: Научниците создадоа гума за џвакање што убива вируси!
Тим научници од САД и Финска развија антивирусна гума за џвакање што значително го намалува присуството на вируси во усната шуплина. Според истражувањата, оваа гума може да го намали вирусното оптоварување за повеќе од 95%.
Главната состојка е гравот Lablab purpureus, кој содржи уникатен антивирусен протеин наречен FRIL. Устата е едно од главните места каде што вирусите влегуваат и се шират, особено преку плунката – велат научниците. Затоа, директната испорака на антивирусни протеини во усната шуплина може ефикасно да го спречи развојот на инфекциите уште во најрана фаза.
Протеинот FRIL покажал висока ефикасност против повеќе познати вируси, меѓу кои и херпес симплекс вирусите тип 1 и 2 (HSV-1 и HSV-2), како и сезонските соеви на грипот H1N1 и H3N2. Благодарение на специјалната формула, гума за џвакање постепено го ослободува протеинот – директно таму каде што е најпотребен.
Тестовите покажале дека дури и мало парче тешко околу 2 грама, кое содржи 40 милиграми екстракт од грав, е доволно за изразен антивирусен ефект. Дополнително, производот успешно ги поминал сите безбедносни проверки на американската Управа за храна и лекови (FDA).
Коментирај анонимно