Ѕвездата на „Игра на тронови“ доживеала мозочен удар во теретана на само 24 години: По три операции едвај останала жива, а еве како изгледа денес
Емилија Кларк е родена во Лондон, а израснала во Беркшир. Со гордост истакнува дека во нејзините вени тече осмина индиска крв, бидејќи нејзината баба по мајка потекнува од Индија.
Нејзиниот татко работел во театар како тон-мајстор, па таа уште како мало девојче поминувала многу време зад сцената, впивајќи ги звуците и магијата на оваа уметност. Така се родила огромната љубов кон глумата, која преовладала пред желбите за архитектура и пеење.
Убавата глумица посетувала часови по пијано, флејта и гитара, а познато е и дека прекрасно пее, особено џез и кабаретска музика. Својот актерски талент го усовршувала во Оксфорд и на престижниот Драмски центар во Лондон. По дипломирањето во 2010 година, ја доби улогата на Денерис Таргариен во планетарно популарната серија „Игра на тронови“, што целосно ѝ го промени животот и ѝ донесе светска слава.

Содржина:
„Како силен ластик да ми го стега черепот“
И токму кога сè изгледало совршено и кариерата ѝ одела во нагорна линија, животот ѝ приредил суров пресврт. По завршувањето на снимањето на првата сезона, додека тренирала со личен тренер за да се ослободи од стресот, почувствувала неподнослива главоболка.
„Се облекував во соблекувалната во теретаната и тогаш почнав да чувствувам неподнослива болка, како силен ластик да ми го стега черепот. Едвај успеав да стигнам до тоалетот, каде што паднав на коленици и почнав силно да повраќам. Болката беше парализирачка“, се присетува Кларк.
Тој ден доживеала тежок мозочен удар предизвикан од пукната аневризма и завршила на итна операција на мозокот која траела три часа. Имала само 24 години. По операцијата се соочила со афазија, не можела да се сети на сопственото име и не можела нормално да зборува. За среќа, таа состојба била минлива, но стравот останал присутен засекогаш.

Во 2013 година скенирањето покажало дека другата аневризма двојно пораснала
Додека играла во претстава на Бродвеј во Њујорк, рутинската контрола ја вратила во најголемиот страв. Морала да оди на нова операција, која за жал била неуспешна бидејќи дошло до масивно крвавење во мозокот.
Лекарите морале итно да направат трета, отворена операција со отворање на черепот.
„Мислев дека е готово. Дека моето време истече. Болката по таа трета операција беше неиздржлива, а стравот дека ќе ги загубам когнитивните способности беше огромен“, искрено раскажува ѕвездата.
Со својата мајка основаше организација за луѓе што закрепнуваат од мозочни удари
Сепак, Емилија извлече жива глава и денес живее исполнет живот. Иако дел од нејзиниот мозок претрпел оштетување, таа функционира без никакви последици.
Заедно со својата мајка основаше хуманитарна организација која им помага на луѓето што закрепнуваат од повреди на мозокот и мозочни удари, а неодамна за својата хуманитарна мисија беше одликувана и од британското кралско семејство.

Коментирај анонимно