Ѕвездата на „Малата сирена“ е вистинска сирена и на копно: Хали Бејли го покажува своето прекрасно тело во бели бикини

Хали Бејли во понеделникот на Инстаграм ја покажа својата чудесна фигура во бело бикини. 23-годишната пејачка која стана актерка напиша на објавата: Девојка од твоите соништа✨“

 

Хали ја доби улогата на Ариел во римејкот на „Малата сирена“ на Дизни, објавен во мај.

Римејкот на анимираниот класик од 1989 година доби мешани критики, при што некои критичари и публиката го оценија како просечен. Откако Дизни го објави кастингот на Бејли во јули 2019 година имаше многу реакции во врска со тоа.

Хали ги коментираше реакциите со тоа дека нејзините баба и дедо и дале охрабрување и ја потсетиле колку е важна нејзината улога во филмот.

„Беше инспиративно и убаво да се слушнат нивните зборови на охрабрување, кои ми велат: „Не разбираш што прави ова за нас, за нашата заедница, за сите мали црни и кафени девојки кои ќе се видат себеси во тебе“, изјави таа.

 

Бејли рече дека гледањето на иконскиот лик на Ариел како личност со боја кога таа пораснала позитивно ќе влијаело на нејзината самодоверба.

„Што тоа би направило за мене, како тоа би ја променило мојата самодоверба, мојата верба во себе, сè. Работите што на сите други им изгледаат толку мали, нам ни се толку големи“. – рече таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *