„Ова е невидено!“ – Семејство шокирано откако славеле роденден во ресторан во Сицилија и им наплатиле неверојатна сума само за да ја исечат тортата
Едно семејство било шокирано кога откриле дека им наплатиле 20 евра за да ја исечат тортата на 20 парчиња.
Групата славела роденден во неидентификуван ресторан во Палермо, Сицилија. Тие нарачале пица и пијалоци во вредност од околу 140 евра, не вклучувајќи ја таксата „20 X Servizio Torta“, што во превод значи „20 x услуга за торта“.
Всушност тие си носеле своја торта и ресторанот требало само да ја исече.

Ова не е првпат италијански ресторан да се најде на удар на сомнителни обвиненија. Една патничка неодамна на TripAdvisor се жалела дека и доплатиле 2 евра во еден ресторан во луксузниот регион на езерото Комо – затоа што и го преполовиле сендвичот. Неидентификуваната жена нарачала вегетаријански сендвич во Бар Пејс во Гера Ларио, на северниот крај на езерото. Кога ја видела сметката не и се верувало. Таа ја платила сметката, но подоцна ја објавила негативната рецензија, тврдејќи дека таа воопшто не ни побарала да и го преполоват сендвичот.
„Неверојатно, но вистинито“, лицето напишало фотографија од сметката на TripAdvisor.
Ко-сопственикот на ресторанот се бранеше: „Моравме да користиме две чинии наместо една, а времето за миење се удвои. За да го преполовиме ни требаше малку време, а работата мора да се плати““, изјавиКристина Бјаки за La Repubblica, италијански весник.
Таа, исто така, истакна дека клиентот не се пожалил и не го доведувал во прашање наплатата и појасни дека ќе го отстранила надоместокот од сметката доколку некој покренал проблем.

Овие прилично мали давачки не се ништо во споредба со огромните сметки што ги поделиле туристите во Миконос, Грција. DK Oyster Bar постојано е обвинуван за измама на туристи и тоа по вртоглави суми.
Еден пар бил шокиран кога дознале за што плаќаат 560 долари, додека на брачен пар од Монтана не им се верувало дека сметката е вртоглави 860 долари, а медениот месец на двојка од Канада станал малку солен кога ја виделе сметката.

Коментирај анонимно