Ако имате дијаманти, сега е време да ги продадете: Корејски научници одгледаа дијаманти за само 150 минути

Истражувачите од Основниот научен институт во Јужна Кореја развија нов револуционерен метод за одгледување синтетички дијаманти без потреба од екстремен притисок.

Традиционално, синтетичките дијаманти се одгледуваат во текот на неколку недели под интензивен притисок од неколку гигапаскали. Меѓутоа, новиот метод користи мешавина од течни метали што овозможува дијамантите да се одгледуваат под притисок од само 1 атмосфера, што е еквивалентно на притисокот од нивото на морето.

 

„Откривме метод за одгледување дијаманти при притисок од 1 атм и умерена температура со помош на легура на течен метал“, пишуваат истражувачите во нивниот труд објавен во списанието Nature.

Мешавина од течни метали која се состои од галиум, железо, никел и силициум се загрева и лади во вакуумски систем додека е изложена на метан и водород. Јаглеродот од метанот се раствора во течниот метал, создавајќи семиња за раст на дијамантите.

За само 150 минути на површината на течниот метал се појавуваат мали фрагменти од дијаманти, а за два и пол часа се формира континуиран дијамантски филм.

Новиот метод е сè уште во раните фази на развој, но истражувачите се уверени дека може да се зголеми за масовно производство на синтетички дијаманти. Доколку биде успешeн тоа може да доведе до значително намалување на цената на дијамантите и да отвори нови намени за овој вреден материјал.

Дијамантите се користат во широк спектар на индустриски процеси, електроника, па дури и квантни компјутери. Нов метод за нивно одгледување може да ги подобри овие индустрии, правејќи ги дијамантите попристапни и разноврсни.

Претходно, кинеските научници создадоа 3-каратен дијамант од јаглеродни елементи добиени од црвени божури.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *