Бразилката Сузи Кортез е добитничка на наградата „Мис БумБум“ за најразвиена задница, но има и уште еден несекојдневен талент: „Доживувам и до 100 оргазми на ден!“

Можеби на некои жени им е тешко да постигнат оргазам, но тоа не е случај со двократната победничка на „Miss BumBum“ Сузи Кортез. Бразилската манекенка отворено проговори за тоа дека доживува околу 100 оргазми дневно. И во повеќето случаи ова се случува случајно. А, поради својата состојба, влијателната жена ретко излегува од дома за да избегне непријатни ситуации.

Очигледно, ова може да се случи насекаде. Таа рече: „Верувам дека страдам од спонтано нарушување на клиторисот“.

Оваа ретка состојба е често придружена со несакано возбудување во гениталиите. Ако не се лекува, може негативно да влијае на вашето тело и ментално здравје, како и да го намали квалитетот на вашиот живот. Состојбата се карактеризира со симптоми на возбуда кои се јавуваат без никаква сексуална стимулација. Ова било неверојатно тешко за Сузи.

Таа додаде: „Тоа ми се случи во теретана и кога заврши имаше околу 50 луѓе кои ме гледаа. Постојано се плашам дека тоа ќе се повтори. Затоа деновиве повеќе сакам да останам дома. Почна ненадејно. И оттогаш беше емотивен тобоган, буквално. Не беше важно каде сум, во автомобилот, во паркот или дури и на забар. Оргазмите едноставно доаѓаа, еден по друг и траеја со часови. Се уште не можам да ја именувам причината за оваа состојба, барам одговор со помош на лекови. Сепак, можам да кажам дека чувството на кулминација сто пати на ден не е пријатно, туку е вознемирувачко и болно“.

За ублажување на симптомите, Бразилката практикува физиотерапија на карличниот дел. Таа се пошегува: „Да имав по некој денар за секој доживеан оргазам, ќе бев богата“. Двегодишната врска на Сузи неодамна заврши бидејќи се веруваше дека нејзиното поранешно момче се борело да ја разбере нејзината состојба. Таа се откажала од „OnlyFans“ за да се фокусира на бодибилдингот, а Арнолд Шварценегер ја инспирира да стане силна во својата професионална кариера.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

  • Rade напиша:

    Go napumpala klitorisot so steroidi pa ke svrsuva sea po 100 pati.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *