Човек кој не користел телефон и немал контакт со никаков екран 2 недели, ги открива промените што овој експеримент му ги донел во животот

Научниците тврдат дека постојаното користење на смартфони може да биде поврзано со слабеење на меморијата. Според Opal, просечниот корисник на телефон поминува околу 5 часа дневно на уредот.

 

 

Авторот и говорник Карлос Витакер одлучил да направи радикален експеримент во 2022 година – целосно се откажал од технологијата на два месеци. Наместо да користи екрани, времето го поминал со семејството, во манастир и на амишка фарма. По седум и пол недели, тврди дека неговата меморија значително се подобрила – за отприлика 50%.

Научните студии од Stanford Center on Longevity и Neurology Center For Epilepsy & Seizures поддржуваат вакви тврдења, истакнувајќи дека прекумерната употреба на екрани може да го отежни учењето, меморијата и менталното здравје.

 

 

Покрај подобрување на когнитивните функции, намалувањето на времето пред екран може да го зголеми самопочитувањето, продуктивноста и квалитетот на сонот. Експертите препорачуваат дигитални детокси, мозочни активности и најмалку 30 минути физичка активност дневно.

Ако мислите дека сте зависни од смартфонот, можете да поставите граници за времето на екран, да го полните телефонот во друга просторија навечер или да пробате когнитивно-бихејвиорална терапија (CBT). Можеби вреди да се проба – заклучете го телефонот и видете каква промена ќе почувствувате!