„Една повозрасна жена на плажа ме избрка затоа што бикинито ми било премногу оскудно, но таа беше стара и збрчкана, па беше љубоморна затоа што сум згодна!“

Една млада жена на која и било кажано да ја напушти плажата затоа што „бикинито и било премало“ возвратила велејќи никој не треба да се грижи дали носи оскудна облека затоа што е згодна.

 

 

Ени Најт (26), која тврди дека е во првите 0,4 проценти од креаторите на „OnlyFans“, вели дека поминувала ден на плажа кога ѝ пришла една „стара збрчкана“ жена и ѝ рекла да си замине.

Инфлуенсерката вели дека жената која е „очигледнољубоморна на неа“ ѝ направила непријатна ситуација на плажата.

 

   

„Само што ми дојде една жена на плажа и ми кажа дека морам да заминам бидејќи бикинито ми е премногу мало“, објасни ѕвездата на „OnlyFans“.

„Очигледно беше само љубоморна на мене затоа што јас сум млада, а таа е стара и збрчкана. Искрено, ако се чувствувате непријатно, само оддалечете се“.

Ени претходно откри дека била отпуштена од својата маркетинг работа откако нејзиниот шеф ја открил нејзината страна на „OnlyFans“ – и верува дека колега ја измачувал намерно поради тоа.

 

Поранешниот маркетинг менаџер го отворила својот „OnlyFans“ во септември 2020 година, во обид да заштеди пари за да купи куќа, но никогаш не очекувала дека тоа ќе стане толку профитабилно.

За еден месец Ени заработила илјадници и продолжила да користи „OnlyFans“ во следните 18 месеци како спореден проект за нејзината работа со полно работно време и да заработува во просек од 1.794 долари месечно.

 

 

Таа сега заработува околу 969 долари дневно споделувајќи секси фотографии од себе на интернет.

 

„Задоволна сум што добив отказ до одреден степен, сега сум многу посреќна и имам многу повеќе слобода“, изјави Ени.

„Сега заработувам значително повеќе отколку на другата работа“.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *