Како да прешиеш копче во 21 век? (виц)

Да речеме, треба да си зашиеш копче, а не знаеш како.
Бараш видео – има многу. Но сите тие јутјуб-мајстори, наместо брзо да ја покажат постапката, почнуваат да ја тупат:
„Здраво! Ви благодарам што го гледате мојот видео канал! Јас сум Маргарита, мајка на две преслатки момчиња, сакана сопруга и среќна ќерка. Седам сега на терасата од нашата прекрасна куќа во…”
— Мори крши глава! Почни да шиеш веќе!
Премотуваш десет минути.
Маргарита како да почнува со туторијал: „За работата ќе ни требаат ножици — моиве се со удобна рачка во форма на јапонски жерав. Дали знаете, пријатели, дека јапонскиот жерав симболизира просперитет и долговечност? Дури има и поговорка: ‘Жеравот живее илјада години, желката – десет илјади’, и тоа значи желба за дол…”
— Маргарита, не ми ги кини живците!
Уште десет минути премотуваш, налетуваш на монолог: „Многу е важно конецот да одговара по боја со копчето, затоа што ако се разликува…”
— ААААААА, море марш у три лепе!
Премотуваш. Исклучуваш звук. Пушташ забрзано.
Маргарита уште дрдори, мавта со копчето…
Погледнуваш на саатот, касниш. Си ја облекуваш кошулата без копче и тргнуваш.

  • Денископје напиша:

    Мислиш Марга знае да шие?

  • Коментирај анонимно

    Напиши одговор на Денископје Откажи одговор

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *