Дали сте знаеле дека… гигантската предаторска желка од праисторијата, наречена Карбонемис, некогаш била „крал“ на животните?
Иако диносаурусите одамна исчезнале, нивната смрт отворила простор за појава на нови доминантни животни. Едно од најнеочекуваните суштества што се обидело да ја преземе улогата на врвен предатор била — желка. Карбонемис, џиновска желка од доцниот палеоцен (пред околу 60 милиони години), живеела во тропски езера и достигнувала речиси 2 метри во должина и над …





























