Вицови

Мудриот учител и ученикот кој не напредувал (виц)

Ученикот го прашал учителот:
– Учителу, ти си многу мудар, те молам кажи ми зошто јас не напредувам?
Учителот се подзамислил и рекол:
– Дали ти ученику го виде од исток изгрејсонцето што ја осветли долината?
– Го видов, учителу!
– А, дали го почувствува јужното…

Желката што сакала да скокне од дрво (виц)

Една желка тргнала кон стеблото на едно дебело дрво и почнала да се качува. Се качувала, се качувала, се качувала, додека не дошла до една многу висока гранка од која решила да се фрли со стомакот надоле. Желката за среќа паднала на куп суви лисја и не се повредила.

Вицови за плавуши

10 вицови за плавуши кои слатко ќе ве насмеат

Плавуша со раката во гипс оди на доктор и прашува:
– Докторе, кога ќе ми го извадите гипсот од раката, ќе можам ли да свирам на пијано?
– Да, да, се разбира, нема проблем!
– Леле докторе, колку ми е мило! Одвај чекам да почнам, цел живот сум сакала, а никогаш порано не сум свирела!

Што вели невестата после првата брачна ноќ во различни држави? (виц)

Во Германија: Ханс Дитрих, оди во кујната и направи ми едно кафе или и тоа не можеш?
Во Франција: Жан-Пол, подај ми го шампањското, зошто ми остана непријатен вкус во устата.
Во Англија: Сер, се надевам дека прашањето со потомството ви е решено и нема да ни се налага повеќе да ги вршиме тие неумесни и неприлични движења.