X

Вицови

Мажот стои пред огледало и разговара со жена му (виц)

Еден маж стои пред огледалото и внимателно се набљудува од сите страни. По неколку секунди самоуверено ја повикува сопругата да му го слушне „откритието“: – Уште три сантиметри и јас сум крал! Неговата сопруга го погледнува и вели: – – Ако отстраниш три, ќе бидеш кралица!  

Наставникот Мите и силните математичари (виц)

Наставникот Мите влегува во училницата на почетокот на часот. Учениците очекуваат нова лекција или некоја тешка задача, а тој со сериозен глас ги прашува: – Дали има силни математичари?– Да! – одговараат сите.А тој:– Некои кабинети треба да се преместат.

7 наутро во преполн ЈСП автобус (виц)

Понеделник наутро. Автобусот преполн, луѓето ненаспани, нервозни. На секоја станица влегуваат уште патници, а воздухот станува сè потежок. Во еден момент, некој од средината на автобусот нервозно довикува: – Еј, не се туркајте! – Пази што зборуваш! Знаеш ли кој сум јас?! – Кој би можел да бидеш, во седум часот наутро во автобус?!  

Кога се зема плата во македонска фирма (виц)

Вработените веќе трет месец секој ден се собирале на кафе-пауза и ја вртеле истата тема – платите. Еден ден, охрабрен од колегите, најстариот работник решил директно да го праша газдата: – Шефе, кога ќе ги добиеме платите? – Кога ќе се врати сметководителот. – Дали е на одмор? – Не, во затвор.  

Перо и девојката со длабоко деколте (виц)

Перо седи на прв состанок со девојка. Таа облекла блуза со длабоко деколте, а Перо никако не може да го тргне погледот. По некое време, девојката забележува и го прашува: – Дали не ми е премногу длабоко деколтето?– Па, мислам дека да! Дури и влакната на градите ти се гледаат!– Ама јас немам влакна на …

Синот ја издаде мама на тато (виц)

Таткото седи во дневната соба и гледа телевизија, додека малиот син си игра низ куќата. По некое време, детето доаѓа со нешто во раката и љубопитно прашува: – Тато, за што служат овие свиткани меурчиња?– Аман бе дете, колку пати треба да ти кажам да не ми пребаруваш по џебовите?!– Не ти пребарував по џебовите, …

Баба и девојка се возат во ЈСП (виц)

Се возат една баба и една девојка во преполн ЈСП автобус. Бабата стои цел пат и на крај веќе не може да издржи, па ѝ вели на девојката: – Госпоѓице, ќе ми го отстапите ли вашето место, многу сум уморна? Девојката одбранбено вели: А што ако сум бремена? Бабата ја погледнува од глава до пети …

Петре и новата девојка (виц)

Петре конечно си фати девојка по мерак. Убава, паметна, културна, насмеана… Нема драми, нема љубоморни сцени, нема непотребни расправии.  Седат на кафе, а таа упорно гледа нешто на телефонот. Одеднаш, како да открила државна тајна, го погледнува право во очи и извикува: – Петре, која е оваа кучка до тебе на сликава на Инстаграм? Петре: …

Аптекарката Гинка и маскираниот крадец (виц)

Ноќна смена во малата маалска аптека. Надвор врне ситен дожд, улицата е празна, а тетка Гинка си ги реди кутиите со витамини и ги брои кусурите во касата. Ѕвончето над вратата ѕвони и влегува маскиран крадец. Се врти лево-десно, вади пиштол и со груб глас вика: – Дај ми ги парите! Аптекарката, тетка Гинка, со …

Жената возач и полицаецот (виц)

Жена го паркира автомобилот точно после знакот „Забрането паркирање“. Доаѓа полицаец и ја прашува: – Добар ден госпоѓо. – Добар ден господине полицаец. – Се паркиравте, излеговте од автомобилот и ништо особено не забележувате? – Аууу, леле извинете, колку сум расеана… Имате нова униформа. Честито!

Како жените се справуваат со „вистинските“ мажи? (виц)

Мажот не се прибирал дома два дена и конечно се враќа малку поднапиен. Жената го пречекува налутена и веднаш започнува кавга. – Каде беше бе идиот? Ти куќа имаш ли? Деца имаш ли? Жена имаш ли? Мажот ѝ одговара: – Вистинскиот маж мора барем еднаш неделно да не преспие дома! Жената го погледнува и без …

Докторот имал добра и лоша вест (виц)

Пациент оди на преглед на клиника, прави разни тестови и се враќа кај докторот да му ги прочита резултатите. Докторот му вели: – Значи вака… Имам две вести, добра и лоша. – Кажете ја прво лошата, докторе! – Сигурно ќе умрете за три дена. – А добрата? – Ја гледате ли онаа убавата медицинска сестра? …

Англиски шпиун во Македонија (виц)

Испраќаат англиски шпиун во Македонија, се преправа дека е студент на размена. После 2 дена го разоткриваат и го враќаат назад во Англија. – Како те фатија? – го прашуваат шефовите. – На предавања сите студенти спијат, само јас фаќам белешки и ме разоткрија. Испраќаат втор шпиун, тој се враќа за еден месец. – Како …

Мицкоски се моли на Господ за Македонија (виц)

Премиерот Мицкоски се моли на Господ: – Господи, те молам, направи некое чудо, Македонија да стане добра држава, институциите да почнат да функционираат. Кога ќе се случи тоа? Наеднаш Господ му одговара: – После 50 години. – Господи, направи некое чудо, за да се случи побрзо. – Со се чудото се 50 години!

Македонецот и Индијанецот (виц)

Се реќаваат Македонец и Индијанец. Индијанецот покажува нагоре, Македонецот покажува надолу. Индијанецот испружува раце, Македонецот му покажува среден прст. Се враќа Индијанецот дома и ѝ раскажува на жената: – Леле жено, колку глуп Македонец сретнав. – Зошто? – прашува жена му. – Јас му велам небото е наше, тој ми вели дека земјата е нивна. …

Како работат автомеханичарите кај нас (виц)

Ја носи колата Перо на автомеханичар: – Ми капе нешто од колата, може ли да ми го проверите. Автомеханичарот ја отвора хаубата, гледа 15 минути и му вели: – Проблемот е во ова цревце овде, поправката ќе те чини 3.000 денари. – Аве како 3.000?! Па ова дури не е ни работа за автомеханичар! – …

Како мажот прави скара за 1-ви мај? (виц)

1. Жената оди до продавница и купува сѐ што е потребно. 2. Жената ја прави салатата, го лупи и сече компирот и го прави десертот. 3. Жената го сече и зачинува месото за скарата, го реди во чинија и го носи на скарата каде што ја чека мажот седнат со пивото во раката. 4. Мажот …

Бабата и дедото решиле пак да пробаат после многу години (виц)

Бабата и дедото се договориле пак да ја прават онаа работа, после многу години пост. Баба му вели на дедото: – Ајде ставај кондом. Дедото зачудан: – Ти добра ли си, мори?! На овие години ли ќе раѓаш?! Што ќе ти е кондом? – Не за тоа бе, туку да не се заразам! Читав пред …

Реално сценарио за влез на Македонија во ЕУ, со конкретни години

2005 г. – Македонија добива кандидатски статус за членство во ЕУ. Се очекува брз влез. 2009 г. – Европската комисија препорачува почеток на преговори. Преговорите не почнуваат. 2018 г. – Потпишан е понижувачкиот Преспански договор. Ни го отвораат патот кон ЕУ… барем на хартија. 2020 г. – Советот на ЕУ дава зелено светло за почеток …

10 признаци дека си Македонец (виц)

Родителите се грижат за тебе додека не станеш полнолетен на 48 години. Носиш тренерка со четири линии и натпис Adigas. Весникот дома е „предмет со двојна употреба“. Сметаш дека единствениот полош човек од политичарите е Елмас, кој повторно не можеше повторно да постигне гол. Одиш во викендичката на работа наместо на одмор. Ако турнеш некого …

Во социјализмот беше подобро (виц)

Времето на социјализмот, некаде во Македонија, државно претпријатие. Раководствата на претпријатиеро, на партијата и на синдикатот, заедно со народната милиција спроведуваат масовна акција за проверка на почитувањето на работното време и работната дисциплина. Првиот работник доаѓа на работа 10 минути порано. Веднаш го апсат. Образложение: „Штом доаѓа порано, сигурно прави шпиунажа и саботажа.“ Вториот работник …

Македонскиот камионџија и златната рипка (виц)

Наш камионџија чекал да му го натоварат камионот за назад и ловел риба на едно од 1000-те езера во Финска. Наеднаш фатил златна рипка и таа му вели: – Пушти ме, ќе ти исполнам една желба! Нашиот размислил малку и рекол: – Сакам да ми направиш еден мост од тука до Македонија, кога ќе тргнам …

Стабилноста на македонскиот денар (виц)

Пациент се жали кај психијатарот: – Докторе, во последно време не можам да јадам, не можам да спијам, не можам да работам ништо, постојано сум нервозен и вознемирен… Ме загрижува стабилноста на македонскиот денар… Психијатарот се насмевнува и му вели: – Нема никаква причина за загриженост. Само мора да сфатите дека стабилноста на македонскиот денар …

Зошто македонските жени се најубави? (виц)

Разговараат две пријателки: – Како успеваш да задржиш таква фигура? Вежбаш? На диета си? – Секако дека сум на диета. – На каква? – На Македонска диета. Јадам само црн кавијар, мермерен говедски бифтек и лосос. – Ама како? Тоа е оган скапо, ти си невработена, а маж ти на минималец! – Е па така …