Канје Вест ја создаде Ким Кардашијан 2.0: Бјанка Ценсори излезе облечена во бикини инспирирано од поранешната жена на раперот, па откако тие две станаа „пријателки“, нѐ интересира што Ким има да каже на ова?

Сопругата на Канје Вест, Бјанка Ценсори, ги запрепасти присутните во Лос Анџелес во вторникот, во изглед инспириран од поранешната сопруга на Канје, Ким Кардашијан.

 

 

 

 

Бјанка (29) и раперот (46) – кој стои зад промената на Бјанка, беа забележани како заедно излегуваат од зграда во Западен Холивуд. Таа беше облечена во метално сребрено микро мини здолниште и танга долна облека што и го откри задникот, како и мало бикини. Облеката на Бјанка изгледаше како директно да е позајмена од плакарот на Ким.

 

 

 

Ким (43) е страствен обожавател на сребрени бикини, а нејзиниот бренд за облека SKIMS славно објави метална линија костими за капење летото 2022 година.

За разлика од неговата сопруга, хитмејкерот беше облечен во широка целосно црна облека.

 

 

 

 

Еден ден претходно, Бјанка ги шокираше гостите во локалниот ресторан „Cheesecake Factory“ носејќи проѕирни, неонски зелени хулахопки на ручек. Претходно истиот ден, Канје беше виден како ги соблекува хулахопките на манекенката во Беверли Хилс.
Што се однесува до врската на Бјанка со Ким, извор претходно ексклузивно изјави дека парот е „пријателски“ настроен, но дека Ким се спротивставува на тоа што Бјанка се облекува провокативно пред нејзините и четирите деца на Канје.

Ким наводно го предупредила Канје да и каже на Бјанка да не се шета таква пред децата, што 29-годишната бринета навидум го ветила.

 

 

Минатата недела, Ким беше забележана со Бјанка заедно со нејзините деца Чикаго и Псалм во публиката за време на забавата на Канје во Сан Франциско. Тоа беше првиот пат кога жените беа фотографирани заедно.

 

 

Снимката од Бјанка и Ким кои стојат рамо до рамо на настанот стана вирална на социјалните мрежи, при што обожавателите се прашуваа „за што“ можеле да зборуваат жените.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *