Мажи, побрзајте! „Идеалните жени“ почнаа да се мажат сами со себе, затоа што на вас не ви текнува…

Бразилската манекенка Јанаина Празерес, која неодамна беше одликувана од магазинот „Плејбој“ како „идеална жена“, си купила веренички прстен за 80 илјади американски долари и се омажила за себе. 35-годишната Бразилка изјавила дека сака да биде што е можно понезависна жена, а симбол за тоа станал и бракот со самата себе. Таа призна дека отсекогаш и било тешко да најде љубов, а сите врски биле неуспешни. Меѓутоа, откако Плејбој ја препознал како „идеална жена“, таа се заљубила во себе и решила да ја зацементира оваа љубов со симболичен брак.

„Сфатив дека за да бидеш вистински среќен, прво мора да се прифатиш и сакаш себеси безусловно. Овој прстен симболизира силна врска со мене“, рече Празерес. Таа, исто така, истакна дека многу луѓе веруваат дека моделите постигнуваат слава само на сметка на другите. Сепак, Празерес тврди дека сѐ што постигнала е резултат на сопствената работа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *