„Ме избркаа од црква поради моите 800 тетоважи – тоа е толку погрешно, не можам да поверувам“

Најтетовираната мајка во Британија откри дека ѝ е забрането да оди во нејзината локална црква поради нејзините 800 тетоважи.

Мелиса Слоун (46) од Велс, ги критикуваше свештениците затоа што ја избркале од црквата.

 

Ова не е прв пат мајката на седум деца да каже дека не е добредојдена некаде – минатата година Мелиса призна дека никогаш не била поканета на забави за Ноќта на вештеркит, бидејќи иронично би ги исплашила гостите.

Но, бркањето од црквата беше последната капка за Мелиса, која тврди дека свештеникот ѝ рекол: „Мораш да си заминеш“ откако таа пеела „премногу гласно“.

 

Мелиса вели дека го пронашла Бог кога нејзиниот партнер Лук се разболел, молејќи се за неговото здравје.

Мајката активно се занимавала со црковно пеење и молитви, но тврди дека била „избркана“ на средина на стихот.

„Сите ми го свртеа грбот смеејќи ми се. Свештеникот рече „мора да си одиш“, но повеќето ми се смееја, ништо ново. Свештеникот мора да е злобен за да го направи тоа. Пеев „премногу гласно“ и ми рекоа дека морам да заминам. Црквата треба да ги отвори вратите за сите, но јас бев избркана од таму“.

Ова доаѓа по претходните борби кога таа не можеше да најде работа поради тетоважите.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *