Наставничката добила отказ од работа поради овој непристоен ТикТок танц заедно со учениците

Сибели Фереира e Бразилка наставничка по англиски, чие што хоби е инфлуенсерството. Во обид да ги задржи своите ученици заинтересирани, таа почнала да танцува со нив на час.

„Еден од моите ученици ме покани да танцувам со него и класот навистина уживаше во интеракцијата. После тоа почнаа да поставуваат понуди и од други ученици, а јас ја искористив интеракцијата и интересот на учениците за да си ги направам часовите поефикасни, бидејќи учениците се позаинтересирани и повозбудени“, објаснува Сибели.

„Знам колку е тешко за помладите ученици да се фокусираат на наставата наместо на социјалните медиуми и технологијата“, вели Фереира. „Можам да го искористам нивниот интерес и да ги доближам до наставата“.

Фереира почнала да објавува видеа од нејзините часови, како и видеа после часовите на социјалните мрежи, каде собрала 9,8 милиони следбеници на TikTok и 1,2 милиони следбеници на Instagram.

Нејзините страници во ТикТок и Инстаграм се преполни со видеа од младата учителка која ги тресе колковите и го тресе задникот со учениците на час и позира сама надвор од часовите во костими за капење, кратки фустанчиња и друга провокативна облека.

Додека милиони луѓе уживаат во нејзината содржина, други беа загрижени за она што го сметаа за несоодветно однесување на наставник, поради што била и отпуштена од работа.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.