Оваа чуварка во машки затвор се пожали дека ја малтретирале затворениците, а ние поим немаме зошто

Алиша Дејвис е 31 годишна Австралијка, која неколку години работела во машки затвор со максимална безбедност. На специјални курсеви научила како правилно да се однесува со опасни криминалци и тврди дека поголемиот дел од времето затворениците ја третирале со почит.
„Во најголем дел, тие се однесуваа пристојно, иако одвреме-навреме имаше и такви кои се обидуваа да се покажат пред своите пријатели“, ги сподели таа своите спомени.

Алиша тврди дека заработувала околу 1,100 австралиски долари неделно, но на крајот решила да започне кариера во индустријата за возрасни. Сега приходите на Австралијката се зголемени речиси 10 пати, но нејзината претходна работа продолжува да ја прогонува.

Жената се пожалила дека поранешните затвореници ја наоѓаат на Интернет и се обидуваат да купат услуги.
„Еден ме замоли да направам специјално видео. Јас со задоволство би го направила, но потоа тој рече: ‘Можеш ли да погодиш кој сум? Еве мала помош, штотуку излегов од затворот’“.

Таа сподели дека еден ден ја контактирал многу познат криминалец кој бил во затвор додека таа сè уште била на служба. Алиша веднаш ги исклучува и блокира таквите клиенти.

Во исто време, таа се однесува полиберално со своите поранешни колеги. Моделот за возрасни призна дека меѓу своите претплатници има неколку колеги-чувари, со кои комуницира и им снима видеа.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.