„Сакам да се фалам со моите облини во тесни бикини- целулитот воопшто не ми пречи во тоа!“

Една девојка сака да се пофали со својот целулит во тесни бикини, бидејќи нејзиниот живот е подобар откако научила да живее со своите маани.

 

 

Карина Ирби е дизајнерка на костими за капење која е позната по тоа што го покажува своето природно тело во искрените фотографии на „Инстаграм“. Во неодамнешната објава таа им порача на своите 1,4 милиони следбеници да го прифатат нивниот целулит бидејќи „животот е премногу краток“ за да се мачите да го прикриете.
Убавицата објави слика на која е облечена во супер убави бикини со дезен, истакнувајќи го своето секси тело.

 

 

Во целосно природната слика Карина ги покажува своите белези на кожата, целулитот и наборите на стомакот додека сакаше да открие како изгледаат нормалните тела.

Таа им порача на жените дека „никогаш“ не треба да дозволат целулитот да ги спречи да го живеат својот живот, бидејќи тоа е природен дел од сите нас.
Карина рече дека никогаш не била посреќна откако научила да го прифаќа својот целулит и она што општеството би го сметало за нејзина „несовршеност“, па затоа мисли дека и другите треба да го сторат истото за да се чувствуваат сигурни во својата кожа.

 

 

Пишувајќи на „Инстаграм“, таа рече: „Причини поради кои НИКОГАШ не треба да дозволите целулитот да ве кочи“.

 

Откако ја сподели искрената фотографија, на повеќе од 19.000 луѓе им се допадна, а стотици луѓе и се заблагодарија што беше толку искрена за сликата на нејзиното тело.

Едно лице рече: „Таа е волшебна“.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.

  • Robert напиша:

    Prirodna lepota – ama neka namali malku toa pozadi …

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *