Запознајте ја Памелија Џејмс, младата мајка која земала лекови за депресија, а како несакан ефект ѝ растат градите по 30 см годишно и не запираат

Австралијката Памелија Џејмс има гигантомастија – состојба што предизвикува прекумерен раст на градите. 27-годишната мајка на едно дете пред една година забележала дека нејзините гради рапидно растат. Нејзината биста порасна за 31 см – од 100 см минатиот јануари на 131 см од овој месец.
Состојбата е исклучително ретка, со само 108 познати вакви случаи во светот.

„На почетокот беше забавно и интересно да се види колку растат, но сега почна да ми станува непријатно и се фатив себеси како посакувам да имам гради со нормална големина.“

„Се мачам да најдам облека што одговара на мојата биста и на крајот завршувам со широки маици. Има многу ограничени опции за покрупните жени, особено ако не сакате да го покажувате вашето деколте.“

„Се чувствувам како да добивам валкан изглед поради тоа што имам толку големи гради, па затоа имам тенденција да останам дома – моето ментално здравје страда од тоа“.

Животот не е целосен доколку не е зачинет со малку еротика. Разбудете ги вашите чувства со жешките но и комични и драматични моменти на каналот Еротика.