Македонски несекојдневни ситуации

Мали по години, големи чувари на традицијата: Дечиња од Гевгелија ја воодушевија публиката

Додека нивните врсници ги знаат најновите хитови од TikTok, овие дечиња од Гевгелија покажуваат дека македонската народна музика има кој да ја продолжи. Со гајда, тапани и многу љубов кон традицијата, најмладите приредија настап што тешко остава некого рамнодушен.  

Кога „браво“ баш и не е за браво: Ризичен скок од карпа во Охрид

Храброст или непотребен ризик? На снимка од Охрид се гледа повозрасен маж кој се подготвува, а потоа скока во езерото од висока карпа. Додека тој го изведува ризичниот потег, човекот зад камерата воодушевено извикува „браво, браво, браво“. Среќа, скокот завршува добро, но ваквите подвизи од непозната височина и без проценка на длабочината можат да имаат …

Моторна пила наместо берба: Втор случај во Неготинско за само два дена – лозар го сече лозјето поради немањето откуп

Во село Тремник, Неготинско, сè уште нема започнато откупот на грозјето, а незадоволството кај лозарите расте. Ова е втор случај во само два дена лозар да го уништува својот насад, откако разочарувањето од состојбата со откупот достигна кулминација. Еден од лозарите од Тремник, револтиран поради неизвесноста, со моторна пила го сече своето лозје. Лозарите стравуваат …

11-годишниот Андреј Цековски освои прво место на меѓународен музички натпревар во Њујорк

Македонскиот пијанист настапи на гала-вечерта на победниците на International Youth Music Competitions, на 5 септември во The DiMenna Center for Classical Music, една од познатите њујоршки сцени за класична музика. Пред меѓународна публика свиреше заедно со победници од повеќе земји, а на сцената гордо го носеше македонското знаме. Жирито ја истакнало неговата музикалност, техничката сигурност …

Во Кавадарци и околината лозарите ги сечат лозите за да изразат револт кон откупувачите

Во Тиквешијата расте револтот кај лозарите поради проблемите со откупот на грозјето, особено на сортата вранец. За годинава се утврдени откупни цени од 21,8 денари за килограм вранец и 20 денари за смедеревка, а Владата обезбеди и над 10 милиони евра кредитна линија, од кои околу 553 милиони денари се наменети за навремен откуп на …

Радика е толку чиста река, опеана и во народните песни, но не со вакви луѓе без грам совест

Дебарското спортско риболовно друштво „Трофта“ го објави ова видео на кое се гледа како маж застанува со комбе на мостот на реката Радика кај селото Косоврасти, вади вреќи и кутии полни со ѓубре и ги фрла во реката. СРАМОТА!

Анкета: Дали младите знаат зошто го празнуваме 8-ми септември

Држава со ваква младина, не мора да се грижи за својата иднина. Иднина нема. Да не знаеш кого попрво да обвиниш за ова. Дали школскиот систем, дали родителите дома, дали самите ученици, дали мобилните телефони што ги затупуваат. Со еден збор, страшно.