Македонски несекојдневни ситуации

Ова не е трап (рап со турбо фолк елементи), туку ново дете прави вистински рап од старата школа

Во време кога трапот и мешањето на рапот со турбо-фолк елементи доминираат кај помладата публика, Фичо реши да тргне по малку поинаков пат. Младото име на сцената со песната „Сонувам“ се навраќа на звукот на старата школа – чист рап, рими и приказна, без непотребни музички „украси“. Убаво е да се види дека и меѓу …

Кој рече дека за отворен пат треба автомобил? Во Младо Нагоричане е доволен тротинет и дебели живци на останатите возачи

Електричните тротинети одамна не се само градска глетка. Овој возач е снимен во Младо Нагоричане како си тера по отворен пат, со автомобили зад себе и заштитна ограда покрај коловозот. Сејф Сити чекаат да возиш 3 повеќе од дозволеното и да те казнат, но ниедна камера не го гледа тротинетов и да го казни?

Ајде сите еден голем аплауз за македонското судство, Газда Деко во сабота излегува од притвор

Дејан Јованов – Деко, сопственикот на дискотеката „Пулс“ и првообвинет во судскиот процес за пожарот во Кочани во кој загинаа 63 лица, во сабота, 3 октомври, треба да излезе од притвор. Причината не е судска одлука дека повеќе нема основи за притвор, туку истекувањето на максималниот законски рок од една година. По тој датум судот …

Дрвокрадци со камион удриле во полициски автомобил во Липково, па физички ги нападнале двајцата полицајци

Драма со пресметка и физички напад врз овластени службени лица се случила во раните утрински часови во кумановското село Липково. Група дрвокрадци, според информациите, со камион оштетиле полициско возило, а потоа се нафрлиле врз полицајците додека тие ја извршувале службената должност.   На 29 септември 2026 година, полициски службеници од СВР Куманово забележале товарно возило …

Во Скопје веќе ни на тротоар не си безбеден: Три девојки на еден тротинет удриле жена

Фотографијата е направена на Илинденска, а според објавата, девојките наводно удриле жена додека се возеле, по што таа паднала и ја изгребала раката. Тротинетот очигледно решиле да го користат како градски автобус.

Пред македонските мајстори и боговите молчат: Вака се прават надворешни скали кога сакаш да заштедиш место

Секундарна придобивка од овој генијален дијзан е што не мора да плаќаш архитект, директно градиш. А клучната придобивка за газдата е што цел живот мора да внимава на килажата, затоа што ако се опушти, дома нема да може да си отиде.