Група од 11 бразилски обични крадци за 2 минути станаа крадци со мотори

Во градот Сао Бернардо до Кампо, Бразил, група од 11 крадци за 2 минути успеа да украде дури 7 ганц нови мотори од салон. Видеото е во продолжение. Крадците имале намера да го испразнат салонот, но после 2 минути се вклучил алармот и побегнале.

Кинеските муштерии ги фати паника откако полицијата реши да ги затвори внатре во продавницата на Икеа во Шангај

Акцијата била затоа што едно 6 годишно дете што шетало во продавницата било позитивно на КОВИД. Во продавницата биле затекнати 400 луѓе и сите биле ставени во карантин 2 дена и во изолација уште 5 дена. Чекај, чекај, ова нели се случуваше пред 2 години? До толку ли не научија ништо за пандемијата?

Овие двајца шпански полицјаци се суспендирани затоа што не успеаја да ѝ одолеат на забавата во Алаиор на островот Менорка

„Ситуацијата е сериозна, бидејќи полицијата е вооружена. Во даден момент, некој од полицајците може да го загуби оружјето и да се случи несреќа. Особено на ваква забава, каде што луѓето употребуваат многу алкохол“, коментира полицаец во изјава за шпански весник.

Херој на денот: Возачот на трамвај го запре сообраќајот за да му помогне на загубено дете да си ги најде родителите

Возејќи низ улиците на Прага, во главниот град на Чешката Република, возач на трамвај по име Јозеф Чодунски му помогна на изгубеното дете да си ги најде родителите кои се качиле во претходниот трамвај и детето случајно останало зад нив. Погледнете го видеото во продолжение!