Заборавен од сопствената држава ама ценет од светските археолози, Кокино одбележува четврт век од своето откривање
Кокино и 25 години по почетокот на археолошките истражувања останува еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија, сметаат археолозите од Европа и светот кои учествуваат на третата меѓународна конференција посветена на светски познатиот локалитет. Конференцијата е насловена „Свети места низ времето: Археологија, ритуал, религија“ и на неа учествуваат 30 истражувачи од Европа и Северна Америка. …





























