Македонски несекојдневни ситуации

Само на аеродромот во Охрид: Маж, жена и дете стојат на пистата додека полетува авионот

Ова видео може да покриене сериозна истрага, ама во сериозна држава… Контролата на летање не смееше никако да даде дозвола за полетување, или требаше да го прекине полетувањето, ама кај нас се е можно, знаеш она, Абе нема гајле далеку се, не е опасно 🙂, вели авторот на видеото, Љупчо Талевски.

Во време на пандемија важно е да се носат маски и да се сечат ноктите редовно, така?

Без разлика дали има пандемија или не нивото на култура во автобусите во Македонија е на „завидно ниво“. Така на пример оваа госпоѓа сака секогаш да биде средена и скоцкана и не бира ниту време ниту место за тоа.

На овие тројца момци дождот не може да им ја уништи летната забава

Сите се жалиме дека дождот дополнително ни го уништи летото и плановите, но некои луѓе размислуваат многу пооптимистично од другите. На пример овие момчиња одлучија малку да се „размрдаат“ околу кружниот тек со летно расположение во овие „есенски денови“.

Кој рече дека цел свет ги затворил границите за Македонците?

Можеби сѐ уште сме ограничени да патуваме во блиските земји каде што сме навикнале и не сакаме да бидеме подложени на тестови и карантин па затоа најголемиот дел од нас одлучија да го „одложат“ одморот или пак да посетат што е можно повеќе локации низ Македонија. Сепак Дарко Николов сподели дека Македонците можат да патуваат,