Срцезатоплувачи

Македонскиот град што виси на карпа: Куќи кои ѝ пркосат на бездната повеќе од 200 години

Кога за првпат ќе го погледнете овој пејзаж, тешко е да поверувате дека станува збор за вистинско населено место, а не за сценографија од некој историски или фантастичен филм. Стрмни и сурови карпи се издигнуваат високо над длабокиот речен кањон, а на нивните речиси вертикални падини стојат десетици бели куќи, наредени една врз друга. Оддалеку …

Анастасија двапати го победи ракот, а со неизлечива болест живее од тинејџерските денови „Плачев и се прашував дали ќе умрам, но никогаш не му се предадов на очајот“

Нејзиниот моќен, карактеристичен вокал се препознава уште по првите неколку тактови, но зад гламурозните сцени и светските хитови стои животна драма што ретко се гледа од публиката. Поп-иконата Анастасија, која на почетокот на новиот милениум ги освои светските топ-листи, со децении води лична битка со тешки здравствени предизвици. На сцената зачекори во раните осумдесетти години …

Кај Дебар е пронајдена чаша со стаклена мрежа какви што во светот има само десетина

Пред околу седумнаесет векови, без електрични машини, компјутери и современи индустриски технологии, римските мајстори создавале стакло со неверојатна прецизност. Еден таков предмет е дијатретата од Таранеш: стаклен пехар обвиен со ажурна мрежа, ситни декоративни детали и букви изработени од стакло. Неговото зачувување до денес е вистинска реткост, а фактот дека е откриен во Македонија го …

Италијански новинар во 1992 година пронашол девојче меѓу урнатините во Сараево и го однел во Италија: Му станала ќерка, а потоа пристигнале вести што им ги скршиле срцата

Среде воениот ужас во Сараево, додека гранатите одземале животи, а семејствата се разделувале без надеж дека повторно ќе се сретнат, италијанскиот новинар Франко ди Маре запознал девојче кое засекогаш ќе му го промени животот. Имал 35 години кога одлучил да ја извлече од воениот пекол и да ѝ даде топол дом, не насетувајќи дека токму …

Бебе стана хит на социјалните мрежи со уникатна „поза за релаксација“ само неколку минути по раѓањето

Ако некој дошол на овој свет со целосно вродено право да се чувствува гордо и самоуверено, тоа без сомнение е ова мало бебе. Видеоснимката од новороденчето брзо ја освои публиката ширум светот, затоа што во првите мигови од животот покажа нешто што ретко се гледа: мир, став и невероватно лежерна самодоверба. Содржина: Се роди прекриено …

Запознајте го Том – прасенцето што за влакно ја избегна смртта откако падна од камион на пат кон кланица

Малото прасенце по име Том било спасено откако испаднало од камион на пат кон кланица. Денес, шест месеци подоцна, живее сосема поинаков живот: има свои плишани играчки, се дружи со кокошки и мачки и се превртува на грб за да го чешкаат по стомачето. Наместо да заврши како уште едно животно во товарна приколка, Том …

Го нарекувале „момчето зајак“ и го исмејувале поради забите: По операциите добил нова насмевка, а неговата трансформација расплакала многумина

Момчето по име Еван Хил било жртва на сурово врсничко насилство. А потоа приказната за него прерасна во глобален феномен што резултираше со невероjатна животна трансформациjа. Еван Хил од Нов Зеланд со години трпел исмевање поради изразено испакнатите предни заби. Прекарот „момчето зајак“ го погодувал длабоко и го носел како товар во период кога на …

Сообраќајна несреќа го оставила целосно слеп, а три години подоцна еден лабрадор по име Кијану му го променил животот

Животот на Томас Мекдермот засекогаш се променил во 2023 година, кога по тешка сообраќајна несреќа целосно го загубил својот вид. Соочувањето со слепилото значело ненадеен крај на неговата дотогашна самостојност: повеќе не можел сам да излезе од сопствениот дом, да оди на пазарење или слободно да се движи по улиците. Но, благодарение на организацијата „Guiding …

Македонија се искачи на светската научна сцена 11 наши научници се меѓу најцитираните 2 проценти во светот

Македонија во 2026 година има 11 научници на листата на најцитирани истражувачи во светот, подготвена врз основа на податоци од Универзитетот Стенфорд и издавачката куќа Елсевир. Тоа е раст од 22,2 проценти во споредба со 2025 година, кога на листата имало девет македонски научници. Земјата напредувала за пет места и се наоѓа на 106. позиција …

Со години се лекувала во болница, а сега им помага на други деца полесно да ги пребродат тешките моменти

Во ходниците на Shriners Children’s™, Клара најчесто прво се слуша, па дури потоа се гледа. Кога не пее песни од нејзиниот омилен мјузикл The Greatest Showman, таа измислува свои мелодии за да ги претвори чувствата во зборови, нешто што го прави уште од тригодишна возраст. „Понекогаш ми е полесно да ги испеам моите чувства“, признава …

Пред 1600 години црквата на Плаошник била колку фудбалско игралиште и со раскош споредуван со Цариград

На ридот над Охрид, меѓу камените остатоци и тишината на вековите, се крие сведоштво што го прави секој Македонец горд: монументална ранохристијанска базилика, една од највпечатливите траги од времето кога градот бил духовно и културно средиште со голема сила. Содржина: Кога Охрид се викал Лихнид, на ова место веќе се издигал христијански комплекс НУ Завод …

Македонија се гордее со своите мозоци: Владимир Грчев, кој има само 16 години, освои сребрен медал, Дамјан Давков, кој е најуспешниот македонски натпреварувач до сега ја дополни својата импресивна колекција со уште една бронза

Од 14 до 20 септември во Тирана, Албанија, се одржа 33. Балканска олимпијада по информатика БОИ 2026. На престижниот регионален натпревар во програмирање, сите членови на македонскиот тим постигнаа извонреден успех и се враќаат со одличја. Содржина: Владимир, Дамјан, Никола и Марко ја донесоа македонската приказна меѓу најдобрите Благојче Павлески и Петар Ковачовски го водеа …

Македонија денес слави 35 години постоење, не благодарение на политичарите, туку на БРАНИТЕЛИТЕ од 2001, коишто сепак некој се сети да ги испочитува

Честит празник Македонци! На 35 години независнот никој од државниот врв не им оддаде почит на бранителите. Оние коишто се бореа за денес да имаме држава. На 3-та Македонска крипто конференција имаше кутија за донации, собраните средства на крајот им беа врачени на бранителите, членови на здружението Братство 2001. dsdas 08.09.2026

Интервју со Ана Марија Анѓелковска: „Брат ми не е дијагноза. Брат ми е човек”

Ана Марија Анѓелковска е студентка по дефектологија и сестра на 30-годишен маж со дијагноза „алалија со комбинирани пречки”. Со неа разговаравме без филтри, за детството поминато меѓу институции и терапии, за прашањата на коишто никогаш не добила одговор и за системот кој честопати третира последици наместо да бара причини. Ова не е приказна за сожалување. …

Македонските средношколци растурија на Меѓународната олимпијада по Геонауки: Се вратија со 9 медали!

Нашите натпреварувачи блескаво се претставија себеси и Македонија на 19. Меѓународна олимпијада по геонауки, IESO 2026, која се одржа во Торино, Италија, од 20 до 27 август. Во силна конкуренција од 40 држави и 160 натпреварувачи, како единствен претставник од регионот, Македонија се врати дома со вкупно 9 одличја: 2 златни, 1 сребрен и 6 …

Јутјубер кој обединува разделени семејства го доживеа шокот на животот – ДНК тест откри дека има одамна изгубена сестра

Повеќе од четири години, Блер Кларк и неговата сопруга Лиа, кои живеат на Филипините, работат на повторно обединување на членови на семејства преку нивното јутјуб-шоу The Leah and Blair Slog. Многу од луѓето на кои им помогнале се посвоени лица што ги бараат своите биолошки родители и филипински Амероазијци што ги бараат татковците кои биле …

Директор во Охајо ја загубил работата затоа што му помогнал на бездомeн ученик – а потоа го посвоил

Во 2024 година, Роб Бернсајд бил директор на средното училиште Lakota East во Синсинати, Охајо. Меѓу учениците и наставниците важел за човек што не стои само зад биро, туку секојдневно бара начин да им се приближи на децата. Токму така го забележал Ландериус Хејс. Една кратка средба во ходникот изгледала како обичен училишен момент. Ниту …

Последното видео обраќање на Доли Партон, во кое ги известува фановите за својата здравствена состојба

Само неколку месеци пред нејзината смрт, Доли Партон им се обрати на фановите со видео во кое отворено зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува. Легендарната пејачка почина вчера, на 25 август, на 80-годишна возраст. Во обраќањето, Партон звучеше оптимистички и откри дека добро реагира на терапијата. „Имам добри вести и малку лоши вести. …

90-годишната Дона посакала мало куче за друштво, а слепата чивава Мока само барала некој што ќе ја сака

Деведесетгодишната Дона Џејмс до својата ќерка дојде со нежна молба: куче што ќе ѝ седи во скут. Не знаеше дека Мока, слепа спасена чивава, бара токму топол скут што ќе го нарече дом. Содржина: Кери Симс веднаш знаеше дека Мока е кучето што Дона го бара Во инвалидска количка, со Мока нежно во скутот, врската …

Жена отвори YouTube канал за луѓе кои немале мајка, за да ги научи на основните работи во животот

Жена позната едноставно како „Мама“ отвори YouTube канал наречен „Мамо, како да го направам тоа?“. Нејзината мисија беше едноставна: да ги научи луѓето на секојдневни животни вештини што некои никогаш немале од кого да ги видат и научат. Идејата дојде по виралниот канал „Тато, како да го направам тоа?“, но оваа приказна доби свој тивок, …

Научниците открија дека мајмуните чуваат други животни како миленици, исто како луѓето

Ново истражување од Универзитетот во Оксфорд покажува дека мајмуните и човеколиките мајмуни можеби се уште послични на луѓето отколку што досега се мислеше. Според научниците, некои примати се однесуваат кон други животни на начин што потсетува на човечкото чување миленици: си играат со нив, ги негуваат и им дозволуваат блискост. Содржина: Во истражувањето се забележани …

Веганка по 14 години пробува од бифтекот на сопругот и… доживува егзистенцијална криза пред една чинија месо

По четиринаесет години веганство, една жена проба домашно приготвен бифтек и се расплака. Нејзината сурова реакција, како и нежната поддршка од сопругот, се истовремено топли, човечки и невероатно блиски за многумина. Во видеото, таа објасни колку копнеела да има заеднички искуства со храна со својот сопруг додека тој го подготвуваше оброкот за неа. Секој пар …

Шведска го наградува Јован Костадинов, херојот од „Пулс“: патува во Стокхолм по признанието „Младинска храброст 2026“, амбасадорот лично го прими

Има ноќи што ја менуваат судбината на цел град, и има луѓе кои во тие неколку минути хаос одлучуваат да не мислат на себе. Јован Костадинов, дваесетгодишен младич од Виница, е еден од нив. Пред речиси една и пол година, во дискотеката „Пулс“ во Кочани, тој не побегнал од пламенот заедно со толпата. Наместо тоа, …

Орангутанот им е бејбиситер на малите тигарчиња – ги храни, гушка и чува како свои

Ова е веројатно еден од најнеобичните бејбиситери што сте ги виделе. Орангутанот Сурија толку внимателно ги набљудувал луѓето како се грижат за малите тигарчиња, што решил и самиот да се вклучи. Ги хранел со шише, ги гушкал и си играл со нив, додека тие без проблем се качувале и се превртувале по него. Необичното „семејство“ …