21 јули, недела, беше најтоплиот ден некогаш документиран на планетата Земја – просечната температура на воздухот беше поголема за 0,01 степен од лани
21 јули беше најтоплиот ден регистриран на глобално ниво. Службата за климатски промени Коперник (C3S) соопшти дека просечната глобална температура на површинскиот воздух од 17,09 степени Целзиусови во неделата била најтопла во нивните книги на рекорди, кои датираат од 1940 година. Ова доаѓа по шумските пожари кои пустошат со недели низ Европа и САД. …





























