Авто-мото

Откачените луѓе имаат и забегани автомобили, а ова се „најпретставителните“

Не сите автомобили се создадени еднакви, некои се сосема забегани за да им одговараат на потребите на откачените сопственици. Овие автомобилис е направени по „меракот“ на луѓето кои си ги порачале такви или пак сами си ги модифицирале, за да се разликуваат меѓу останатите на патот.

Реакцијата на двајцата спремни возачи кои наидоа на неочекувана пречка додека се тркаа на прометен пат

Возењето со брзина далеку над дозволената, никогаш не е добра идеја, колку и да е спремен возачот. Ако овој пат успеаја да избегнат несреќа, следниот пат нема, а само 1 катастрофа е доволно да те стави во количка или полошо.

Како стотици холандски трактористи го одбележаа празникот на трудот 1 мај?

Бидејќи мора да се запази социјалната дистанца, трактористите останаа во своите кабини, а протестираа само со запалените светла на тракторите. Полицијата на крај го прекина настанот за да не дојде до спонтано, масовно собирање на повеќе луѓе.

Кога конечно ќе ти се оствари желбата да возиш електричен автомобил, но на сосема погрешен начин

Совет: Ако случајно некогаш се најдете во ваква несакана ситуација, НЕ излегувајте надвор, затоа што штом ја отворите вратата може да ве фати струја. Седете внатре и чекајте некој да ви помогне.

Возачот го реши во два потега полицаецот кој застанал крај патот со возилото и поставил камера што слика и праќа казни

Полицаецот веројатно мислеше дека возачот најнормално си застанува па мала е веројатноста дека му ги погледнал регистарските теблички, а за да го брка беше онеспособен :).

Возбудлива видео прошетка на саемот за надградени автомобили „Tuner Evolution“

Интересна е приказната како настанал ваков саем. Пред 10-тина години, по повод роденденот на еден страствен ентузијаст за автомобилизмот, се собрале поголемо друштво и ги изложиле своите автомобили во едно мало гратче во Пенсилванија, САД. Бидејќи интересот на луѓето бил особено голем, секоја година настанот добивал се поголеми размери, за после една деценија, да почне

Ова е таканаречениот „Злобен Мустанг“, кој чини 1 милион евра

Шон Дејвис и неговиот тим поминале вкупно 10.000 часа во градењето на совршениот Форд Мустанг. „Злобниот Мустанг“ е агресивен и специјално дотеран мускулест автомобил со сомнителна максимална брзина од 370 км на час, бидејќи уште не нашле доволно долг пат за да го тестираат.

Љубителот на автомобили откри склад со 300 стари суперавтомобили заборавени од сопственикот: Ferrari, Lamborghini, Mercedes, Corvette, Mustang, Porsche и што уште не

Анонимен колекционер на автомобили повикал еден популарен љубител на автомобили да ги сними неговите автомобили, бидејќи сакал да ги продаде сите. Овој склад се наоѓа некаде во Њујорк и ова е само една од 3-те згради полни со автомобили. Интересно е што сопственикот сосема заборавил дека поседува дел од автомобилите.

Возачот направи голема глупост на премин преку железничка пруга во полскиот град Клуцборк

На железничкиот премин во полскиот град Клуцборк, работите не тргнаа добро за возачот, чии што маневри ретко кој може да ги објасни. Особено кога испаничи затоа што рампите се спуштија.