„На мозокот му треба месо!“ Нутриционистка тврди дека веганите имаат поголеми шанси да станат депресивни или анксиозни, а причината за тоа е недоволниот внес на еден витамин
„Месото е од суштинско значење за спречување на депресија и анксиозност“, откри врвен експерт за исхрана и со тоа му испраќа удар на веганството. Д-р Џорџија Еде, нутриционист и метаболички психијатар обучена на Харвард, ја проучува врската помеѓу она што го јадеме и нашето ментално и физичко здравје. И покрај здравствениот ореол што веганските диети …





























