Македонија со нова генерација зависни од коцкање: 71% од младите во Македонија веќе се коцкале, 17,8% се зависни комарџии! Кој ќе преземе нешто?
Загрижувачки податоци покажуваат дека значителен дел од младите во Република Македонија веќе развиле зависност од игри на среќа, беше истакнато на вчерашната прес-конференција организирана од здружението ХОПС – Опции за здрав живот – Скопје. На настанот беа презентирани резултатите од истражувањето „Младите и нивните навики за обложување во Македонија, Србија и Косово“, како и препораки …





























