Македонски несекојдневни ситуации

Јапонскиот бас вокал Казухиро Корецу ја пее “Ако умрам ил загинам”

Казухиро Корецу пее во операта во Токио и е голем заљубеник во македонската народна музика. Замислете само колку труд треба да вложите ако вие треба да отпеете нешто на јапонски. Му симнуваме капа за изговорот.

„Дух“ ограби кафе-бар во тетовско Јанчиште но, „задгробниот живот“ кратко му траеше

Оној кој не верува во духови, верува во крадци, а токму таква трансформација можеше да види сопственикот на кафе-бар во Јанчиште на надзорните камери. Човек со бел чаршаф како „дух“ влегол во локалот додека не работел и успел да земе околу 70.000 денари. Но, „Каспер“ заборавил дека има надзорни камери и надвор па одлучил да