Македонски несекојдневни ситуации

Во Куманово осамна мурал посветен на нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски

Столе Димитриевски освен што е гордост на Македонија е и голема гордост на Куманово, неговиот роден град. Затоа во негова чест талентираните момци @molerajj и @mtrendo креираа мурал кој ќе сведочи за неговите минати и идни успеси. Ваква уметност е секогаш добредојдена.

Мама и тато на македонските Австралијанци им купиле нешто „многу големо“ и сега ќе ви се пофалат

„Денеска имавме еден голем СРПРАЈЗ“ е сосема ок израз ако си Македонец кој живее во Австралија, нели? Не би знаеле да ви кажеме точно, затоа што немаме вакво искуство. Но, овој пар го сподели својот „српрајз“ на Фејсбук кој им бил приреден од „мама и тато“, па погледнете го видеото и дознајте за што станува

Девојка добила лажен повик од „вработен во Министерство за здравство“ како „маркетинг трик“ и не е единствената

Смешно е и жално кога некои луѓе на ваков начин се обидуваат да продаваат одредени производи, а според девојката истиот принцип на измама се користел и во други случаи од истиот телефонски број. Внимавајте кому му ги доверувате вашите податоци и поставете и вие прашања за да бидете сигурни дека разговарате со вистинската личност.