Македонски несекојдневни ситуации

Македонец во Австралија покажува како изгледа фестивал на „брзи и бесни“ автомобили во свое видео

Креаторот на видеото потпишан како Март Бач е Македонец кој живее и работи во Австралија. Тој присуствувал на TunedLegends.com UNITED фестивал 2021 година – Фестивал на автомобили Jap & Euro, на 23 јануари 2021 година во Паркот Сиднеј Мотоспорт, Нов Јужен Велс, Австралија. Тој бил инспириран да направи кратко деби видео, снимено и монтирано од …

Бенд направи преработка на „Кој ли ти гризе образи“ во чест на Тоше Проески

„4UBand“ направи преработка на познатата песна на нашата прерано замината ѕвезда Тоше Проески. За главен вокал и гитара е задолжен Борис Илов, гитарист Борис Грков, бас Орце Павлов и кахон Оливер Миленковски. Уживајте во преработката!

Јапонскиот бас вокал Казухиро Корецу ја пее “Ако умрам ил загинам”

Казухиро Корецу пее во операта во Токио и е голем заљубеник во македонската народна музика. Замислете само колку труд треба да вложите ако вие треба да отпеете нешто на јапонски. Му симнуваме капа за изговорот.

„Дух“ ограби кафе-бар во тетовско Јанчиште но, „задгробниот живот“ кратко му траеше

Оној кој не верува во духови, верува во крадци, а токму таква трансформација можеше да види сопственикот на кафе-бар во Јанчиште на надзорните камери. Човек со бел чаршаф како „дух“ влегол во локалот додека не работел и успел да земе околу 70.000 денари. Но, „Каспер“ заборавил дека има надзорни камери и надвор па одлучил да …