По овогодинешното фијаско на „Австралија Опен“, на Новак Ѓоковиќ конечно ќе му биде укината забраната за влез во државата, а причината е новиот премиер
На Новак Ѓоковиќ се чини дека ќе му биде укината забраната за влез во Австралија навреме за тамошниот Грен слем во јануари. Владини извори изјавија за медиумите во Мелбурн, дека на 35-годишниот Србин ќе му биде дозволено да се натпреварува на турнирот што го има освојувано девет пати претходно. На невакцинираните патници сега им е …





























