Вицови

Која е тајната за да се живее 100 години во Македонија? (виц)

Новинар му прави интервју на стар дедо, Македонец, на неговиот 100-ти роденден.
– Дедо Петре, која е тајната за да се живее 100 години?
– Сега ќе ти кажам внучко. Еднаш во годината му правам на организмот алкохолна шок терапија.

Двајцата алпинисти (виц, црн хумор)

Се качуваат двајца алпинисти на една многу висока карпа. Таман дошле до врвот на карпата, едниот се лизнува и паѓа. Се слуша “Аааааа…” и тишина. Другиот вика: – Зокииии, жив ли си? – Жииив сууум… – Здрав ли сииии? – Здрав сууум… – Е па качувај се нагоре де! – Уште паѓааам…

10 кратки вицови за брзо и ефикасно кревање на расположението

Жената, кликајќи на линк на онлајн продавница.
– Сакаш ли да ти покажам каква јакна сакам за подарок за Св. Валентин?
Мажот, кликајќи на линк во п*рно сајт:
– А ти сакаш ли да ти покажам што треба да правиш редовно, за да добиваш такви подароци?